Дарко Лазиќ останува инвалид

Ѕвездата на Гранд, Дарко Лазиќ се опоравува од тешката сообраќајна несреќа, која ја доживеа пред недела дена. Тој имал голема среќа што останал жив, но лекарите не биле оптимистични.

Поради сите повреди со кои се здобил, закрепнувањето ќе трае со години, а лекарите стравуваат дека пејачот ќе остане инвалид засекогаш.

Лекари за „српски Курир“ изјавиле дека со такви повреди, големи биле шансите пациентот да остане со трајни последици.

Тој со возило „БМВ“, изгубил контрола, слетал од патот и се превртел на кров. Возел со брзина поголема од 150 километри на час и имал 1,39 промили алкохол во крвта.

Лазиќ победи на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ во 2009 година.

Тамара се сели од Македонија?!

Македонската пејачка Тамара Тодевска последните неколку месеци постојано е актуелна во медиумите како поради позитивни, така и поради некои негативни причини, пренесува порталот Булевер.

Тодевска од сите досегашни претставници го освои најдобриот пласман, односно прво место од членовите на жирито и седмо место од публиката. Досега таа го оствари најдобриот успех.

По нејзиниот историски успех на европската сцена, пејачката откри дека и се отвориле многу врати за светска кариера, но и дека подготвува дует со претставник на Шведска.

Но и не е така се бело….

По „Евровизија“, Тодевска повторно се најде во центарот на вниманието, но сега од негативна страна. Имено, таа во една емисија изјави дека не требало да се земаат пари од Евровизија за да се купат амбулантни возила.

По оваа нејзина изјава таа се извини на јавноста истакнувајќи дека била возбудена и понесена од еуфорија, па лошо се искажала.

Потоа, некои ја критикуваа поради нејзиниот настап на „Парада на гордоста“.Меѓутоа, вистинска кулминација се случи кога на „Денот на независнота“ на САД, Тодевска ја пееше химната и ги испушти делот каде се спомнуваат македонските револуционери Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандаски.

По оваа како што кажа таа ненамерна грешка јавно се извини на својот „Фесјбук“, а како и претходно истакна дека била возбудена и понесена од емоции, па ненамерно го испуштила тој дел.

По овој скандал, Тодевска наиде на многу критики и негативни коментари, иако можеше да се најде по некој коментар каде што ја подржуваат.

Поради оваа случка Тодевска ги откажа своите концерти во Охрид и настапот на „Пивофест“, истакнувајќи дека целиот настан се претворил во кошмар за неа и нејзиното семејство.

Меѓутоа, деновиве започнаа шпекулации дека наводно Тодевска се сели од Македонија?!

Тамара најави концерти во Шпанија, Германија и Данска

Нашата овогодинешна преставничка на Евросонг,Тамара Тодевска,  заминува на европска турнеја. Таа веќе ги најави првите три концерти кои ќе се случуваат во Шпанија, Данска и Германија.

На 5-ти октовмри таа ќе настапи во Мадрид, Шпанија, на втори ноември во Архус, Данска, а пак на 30-ти ноември во Келн, Германија.

-Многу сум возбудена што ќе настапувам во Мадрид, Архус и Келн оваа есен. Едвај чекам да ве видам. Наскоро со повеќе информации – порача Тодевска на својата официјална страница.

Тамара неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако при интонирање на химната ги изостави стиховите во кои се спомнуваат Гоце Делчев, Гули и Сандански.

Набргу потоа се извини и појасни дека се работи за ненамерен пропуст, но поради бурните реакции во јавноста го откажа концертот во Охрид и настапот на ,,Пивофест” во Прилеп, кој требаше да се случи на 20-ти јули, во сабота.

На нејзиното место на манифестацијата ќе настапат „Нокаут”.

ФОТО: Јелена Карлеуша во болнички кревет

Режисерот Дејан Миличевиќ објави фотографија од пејачката Јелена Карлеуша во болнички кревет, а во опис на фотографијата напиша „Шок состојба“.

Со оглед на фотографијата и тоа кој ја објавил, според фановите, веројатно се работи на нов спот за нова песна на Карлеуша, која го носи токму насловот „Шок состојба“. Според други, пак, ова е дел од кампања.

Она што е сигурно е дека Карлеуша успеа да ги размрда повторно своите фанови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dejan Milicevic (@dejan_milicevic) on

Популарно