ФОТО: Овој човек го плаќа лекувањето на Дарко Лазиќ

Српските медиуми пишуваат дека богат бизнисмен од Швајцарија го плаќа лекувањето на Дарко Лазиќ во болницата. Станува збор за Мерсед Хаџиќ, познат како Мирсо Швајцарецот.

Мерсед меѓу останатото работи и како менаџер на српскиот фолк-пејач Аца Лукас. Дарко Лазиќ по недела дена од тешката сообраќајка и неколку успешни операции се разбуди од кома.

Медиумите вечера успеаја да влезат во неговата соба и забележаа дека неговата здравствена состојба се подобрува. Некои од лекарите сепак се загрижени дека пејачот може да остане инвалид.

ФОТО: Јелена Карлеуша во болнички кревет

Режисерот Дејан Миличевиќ објави фотографија од пејачката Јелена Карлеуша во болнички кревет, а во опис на фотографијата напиша „Шок состојба“.

Со оглед на фотографијата и тоа кој ја објавил, според фановите, веројатно се работи на нов спот за нова песна на Карлеуша, која го носи токму насловот „Шок состојба“. Според други, пак, ова е дел од кампања.

Она што е сигурно е дека Карлеуша успеа да ги размрда повторно своите фанови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dejan Milicevic (@dejan_milicevic) on

ФОТО: Бујните гради во бикини на плажа

Македонската фолк-пејачка Сања Гроздановска-Сани е активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своите работни активности, но и од приватниот живот.

Таа првите јули одлучи да го помине на море од каде објави и неколку фотографии во бикини со кои ги почести фановите на овие врели денови.

Погледнете:

ФОТО: Пејачката Бојана вторпат стана мајка

Пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, вторпат стана мајка. Убавата вест ја сподели со фановите на социјалните мрежи.

– Добредојде Ѓорѓи! Те сакам! – напиша таа на „Фејсбук“.

Авторката на емисијата „Улица Македонија“ со сопругот Васко веќе ја имаат ќерката Искра.

Популарно