НАЈДИНАМИЧНИОТ RANGE ROVER SPORT ГИ ПРЕЧЕКА УЧЕСНИЦИТЕ НА ‘‘САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025’’

Аутомобили Гроуп, официјалниот импортер и дистрибутер за Jaguar и Land Rover во Македонија го поддржа “Самитот на Македонија 2025” кој се одржува во хотел Мериот од 7 до 10 ноември, а за време на истиот во надворешниот дел од хотелот го изложи најдинамичниот модел Range Rover Sport.

Тридневниот самит е најавен како водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство. За време на самитот ќе бидат спроведени дебати, за развој на Македонија во регионален центар за паметни технологии и значењето на странските инвестиции. Покрај тоа на настанот ќе бидат разработени и најдобрите практики на економски успешните мали земји. Најавени се повеќе од 400 учесници на самитот Македонија 2025 меѓу кои дипломати, бизнисмени, директори, академици и деловни експерти од дијаспората, претставници на меѓународните организации, како и банки.

Токму затоа најдинамичниот Range Rover Sport ќе ги пречека учесниците на самитот, бидејќи  е дизајниран за да импресионира. Возилото ќе биде изложено пред хотел Мериот Скопје за време на целиот самит, a доколку сакате уште подобро да го запознаете или пробате овoj модел, направете го тоа веднаш кај овластениот увозник – Аутомобили Гроуп на ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје.

Дознајте кој е вашиот Ангел чувар

Вашиот ангел чувар е со вас од моментот на вашето раѓање и без оглед на личноста, ви помага во формирање на судбината. Секој има свој ангел чувар и може да го открие според датата на раѓање.

Соберете ги броевите од вашиот датум на раѓање додека не добиете едноцифрен број. На пример ако сте родени на 11.11.1987 година,

1+1+1+1+1+9+8+7 = 29 ;

2+9 = 11

1+1 = 2

Тоа значи дека вашиот ангелски број е 2

Ангелски број 1: Ариел

Овој ангел им помага на сите живи суштества, али на вас ви е посебно наклонет. Најдобро можете да стапите во контакт со својот ангел ако излезете во природа бидејќи таа и е многу блиска. Постојано праќа пораки да направите нешто за својата околина и да ја зачувате чистотијата. Ако вие се занимавате со зачувување на природата или ги штитите животните, тогаш срцето на вашиот ангел е полно со радост. Ариел препорачува да не размислувате за тоа колку опасност кружи околу вас, туку колку опасност има во вас.

Ангелски број 2: Чамуил

Чамуил е ангел на внатрешниот мир и вие сте благословени ако ве чува. Што и да се случи со вас или околу вас, секогаш ќе го чувствувате Божјото чедо. Со него ништо не се случува случајно. И во најтешките ситуации ќе ви покаже светлост на крајот од тунелот, ќе ви праќа пораки преку сонови и со таква помош ќе ја одржувате вербата. Чамуил внесува светлост во темнината, тоа е неговата работа. Тој е надеж, својата љубов ја насочува каде пто е најпотребна. Преку него и вие можете да станете помошник. Вашата харизма зрачи со мир секаде каде што ќе се појавите. Пораката на ангелот Чамуил за вас е: Никогаш не се сомневај во себе.

Ангелски број 3: Габриел

Тој е ангел со голема сила и како ангел помошник дава поддршка да се прифатите себе си и целата сила и љубов која се крие во вас. Најверојатно во животот ќе направите големи дела, а помошта на ангелот Габриел добро ќе ви дојде за да ја зачувате рамнотежата. Ангелската комуникација може да се засили ако носите бакарен накит.

Ангелски број 4: Ханиел

Тој е ангел на прифаќањето кој е неверојатно способен за ситна и чудесна помош. Ако тој е вашиот ангел чувар, ја видел во вас способноста да ја почувствувате промената на вибрациите во Универзумот. Секое расположение како и секој ритам на живот лесно ги доживувате и со негова помош по малку влијаете на својата околина. Ако е успешна ангелската комуникација со Ханиел, тоа е исто како да сте земале лек кој брзо дејствува и душата повторно ќе ви полета. Ангелската порака за вас е: Вашето чувство е благослов, а не проклетство и доживувајте го како такво

Ангелски број 5: Џофиел

Внимателност и трпение се најважното чудо кое ќе го искусите. Ако брзате, не си оставајте доволно време се да доживеете во неговиот ритам и неговата помош тогаш нема да ја почувствувате. Ангелот Џофиел може да се повика за време на медитација бидејќи на него му е важно да бидете подговтвени да го прифатите. Штом ја воспоставите англеската комуникација, ќе ви каже кон се да пристапувате со смиреност, дека немате недостижни желби и ќе ви го покаже патот кој ќе ве води напред. Неговата порака е: Не брзај, уживај во секој момент од животот кој ти е подарен.

Ангелски број 6: Метатрон

Метатрон помага во животот да ги забележите важните работи. Според легендата многу одамна живеел на земјата како човек и после смртта станал Божји чиновник. Како ангел помошник првенствено ја усовршува способноста за сами прецизно да напредувате во животот. Преку него лесно ќе ги видите работите од светот и од својата околина кои служат само на темната страна или како некои сили сакаат да ве оттргнат од својот пат. Помага во организација и да се посветите на вистинската животна кариера. Како и сите и вие сте дошле на овој свет со некоја мисија. Ангелската порака за вас е: Секогаш сконцентрирајте се на бесценетите работи.

Ангелски број 7: Михаил

Тој е меч против темните сили, тој низ солзи ги уништил Садом и Гомор, бидејќи ниеден ангел не е среќен ако неможе да ги спаси Бижјите деца. Но тој не е секогаш така застрашувачки, често е светлост која дава сила, а посебно на вас чиј дадум на раѓање се согласува со неговата духовност. Едно е сигурно, со негова помош ниедна засташувачка или мрачна работа нема да ви биде препрека. Можете да стапите во контакт со него кога од себе ќе ги истерате сите стравови и кога ќе ги замените со силба вера која се насочува кон Бог.

Ангелски број 8: Рафаел

Вашиот ангел чивар е небески исцелител кој ви помага не само со физичките работи, туку и ве благословува. Преку него и вие придонесувате на луѓето во вашата околина да им биде подобро, да го заштитат своето здравје или да го подобрат. Личностите кои го имаат овој број поседуваат способност за лечење. Секако тоа не се однесува на сите дека треба да одговараат за туѓото физичко и психичко здравје, но себе мора да се држат во рамнотежа и во согласност да ги исполнат своите обврски на земјата. Затоа Рафаел има порака за вас: Посветете внимание на пораките на својот организам, хранете се здраво, ако треба бидете вегетаријанец за да не ги повредуваш живите суштества и занимавај се со спорт колку што можеш.

Ангелски број 9: Уриел

Името Уриел значи Божја инспирација. Ако тој е вашиот ангел помошник и ако размислувате за нешто што е поврзано со вашиот живот, доволно е само да помислите на него и тој ќе ви прати одговор во некоја форма. Уриел е ангел на просветлувањето, со него ангелската комуникација е најлесна. Доволне е да запалите свеќа, да ги затворите очите и веднаш ви праќа пораки низ слики. Кога мислите дека нема излез од некоја ситуација повикајте го на помош. Неговата порака гласи: Никогаш не се плаши бидејќи каква и да е темнината околу тебе, јас секогаш ќе ти го осветлувам патот.

Стаклена ќерамида која со помош на сончевата енергија ја загрева куќата!

Шведската компанија SolarTech, која се занимава со пpoдавање peшенија за чиста сончева енергија, разви уникатен систем за греење на куќата која се состои од покривни ќерамиди изработени од обичнo транспарентно стакло. Овие феноменални ќерамиди му даваат на покривот прекрасен зaмpзнат изглед.

Она што ги прави да се толку посебни и се издвојуваат на пазарот е дека се направени од обично cтaкло и имаат приближно иста тежина како оние направени од глина. Овој систем нe ја загрева водата или вакyyмските цевки, туку го чиcти воздухот.

Cтaклените ќерамиди се поставуваат на црно најлонско платно под кое се монтираат воздушни џепови. Црната боја ја апсорбиpa топлината на сонцето и воздухот почнува да циркулира. Топлиот воздух се користи за загревање на водата, и овој систем е поврзан со систем за греење во домот преку топлински акумулатор. Убавината на системот е тоа што ги намалува тpoшоците за енepгија во текот на целата година, а кога деновите и ноќите се мpaчни, благодарение на спocобноста ја складиpa топлината во изoлaционитe слоеви под црното платно.

Овој енергетски систем генерира околу 350kWh топлина по квадратен метар во зависност од климата, како и аглите и насоката на покривот.

Во 2009 година, овој систем беше избран од жирито и номиниран меѓу девет други како (“Најдобар нов материјал” ). Врз основа на гласовите на публиката, cтaклената ќерамида беше наградена со златен медал на North Building Fair во Nordbigu, Švedska. “Победничкиoт матepијал комбинира атpaктивен дизајн со основните функции на чиcта и одржлива енepгија. Тоа е иновативен производ кој што е добредојден “, рече претседателот на жирито, д-р Бенгт Толанен.

Како да го користите и по укинувањето?

По пет години од осамостојувањето на апликацијата „Месинџер“, таа се враќа во рамките на апликацијата „Фејсбук“. До „Месинџер“ ќе се пристапува преку познатото копче, но нема да се отвора посебна апликација, туку корисниците ќе се допишуваат во самата апликација „Фејсбук“ на „Андроид“ и iOS системите.

Промената веќе се тестира на профилите на некои корисници низ светот, кои се и извор на овие вести. Не е познато кога оваа промена, односно вградувањето на „Месинџер“ во „Фејсбук“ ќе важи за сите корисници, но тоа е нешто што е извесно.

Се претпоставува дека корисниците што ќе сакаат да го користат автономниот „Месинџер“ ќе можат да го прават тоа, но не се знае до кога, односно дали самостојната апликација некогаш ќе биде отстранета.

Еве како да го деактивирате вашиот Фејсбук профил, а да не ги изгубите вашите фотографии, пораки и пријатели

Постојат бројни начини за како да паузирате од Фејсбук, но пред да направите нешто поради што ќе зажалите, одлучивме да ве потсетиме дека постои начин да го деактивирате Фејсбук профил, а притоа да не се избришат сите спомени.

Со просто деактивирање на Фејсбук профилот нема да ги изгубите фотографиите, пораките, пријателите и другите виртуелни спомени.

Кога ќе го деактивирате својот профил, во него ќе биде скриено сè од јавноста во посебни архиви каде ќе се очекува вашето враќање.

Сепак, некои работи како што се приватни пораки и содржина која сте ја поседувале на профилот на другите луѓе ќе биде и понатаму видлива.

Всушност, лицата кои ќе го деактивираат профилот и понатаму ќе можат да комуницираат преку Messenger апликацијата.

Еве како да го деактивирате вашиот Фејсбук профил:

1. Пронајдете и кликнете на обратниот триаголник во гордниот десен агол на било која Фејсбук страница.

2. Изберете ја опцијата Settings.

3. На General стиснете на опцијата Manage Account.

4. Ќе забележите неколку опции, но веднаш можете да кликнете на Deactivate your account.

5. Кога еднаш ќе го деактивирате вашиот профил, Фејсбук ќе побара да ја внесете својата шифра. Кога ќе го направите тоа, ќе добиете прашање да оставите причина поради која го оставате Фејсбук профилот.

6. Ако сакате повторно да го активирате својот профил, едноставно логирајте се на Фејсбук, после што ќе ви биде испратен верификациски код за да се потврди дека тоа сте вие. Поради тоа внимавајте мејлот и бројот на телефонот да ви бидат активни пред да го активирате профилот.

Популарно