ТРЕЈЛЕР: Пристигнува второто продолжение за анимираниот филм "The Secret Life of Pets 2"

Објавен е првиот трејлер за продолжението на анимираниот хит "The Secret Life of Pets" кој во кино салите треба да пристигне во јуни 2019 година.

Првиот дел од забавната авантура беше претставен во 2016 година и многу брзо стана анимиран блокбастер со импресивна заработка од 875,5 милиони долари. 

Она што е поважно дека во продолжението на анимираниот филм, гласот на главниот лик, кучето Макс нема да биде позајмен од комичарот Луис Си Кеј. Тој минатата есен призна дека извршил сексуално злоставување после што е покрената тужба против него од страна на 5 комичарки.

Гласот за второто продолжение ќе биде позајмен од Патон Освалт, а покрај него другите ликови ќе ги толкуваат Ерик Стоунстрит, Кевин Харт, Лејк Бел, Дана Карви, Алберт Брукс, Ханиба Бурес и многу други.

"The Secret Life of Pets 2" премиерно ќе биде прикажан на 7 јуни следната година во Америка, а потоа следува и светска кино дистрибуција.

ФОТО: Згодната македонска пејачка ја покажа својата сестра

Македонската фолк пејачка Сања Цинцева, позната како Сања Барбика отиде во посета на својата сестра во Германија.

Моментите од заедничкото уживање пејачката ги сподели на Инстаграм со своите фанови.

Без шминка во домашна атмосфера, мора да се заклучи дека двете сестри изгледаат прекрасно и неверојатно личат една на друга.

Впрочем како и најмалиот член на згодната фамилија – малата внука на Барби која е вистински мал, сладок ангел, го продолжува семејниот ген кога е физикусот во прашање, а кој да знае, можеби ќе се метне во талентот и на тета Сања?

Шерифовиќ призна што правела позади сцената пред да настапи на Евровизија

Марија Шерифовиќ ја донесе Европа во Белград, кога со песната „Молитва“ победи на Евровизија во 2007 година. После 12 години, пејачката се присетила на се, па без затегање, открила што правела пред настапот.

-Тешко е да се сетам како се чувствуват, одамна беше. Имав само 22 години. Не може човек да биде свесен за тоа во тој момент. Знам само дека беше невидена гужва и дека некои 30 луѓе легнаа на мене, ме прегрнуваа, ме тегнеа, паѓаа во несвест. Она што е најважно од се е тоа што мојот народ се почувствува горд и дека храбро се „маваше во гради“ - рекла Марија, па признала дека воопшто не била така самоуверена како што делувало на тв екраните.

Таа кажала дека чувствувала дека душата ќе ја испушти на скалите, но признала дека не е тип кој многу сака да губи.

Марија кажала и детали од позади сцената и изнела тајна стара 12 години.

-Толку бевме опуштени пред настапот што дури и испивме по една чаша вино - рекла Марија, која открила дека во финалето ѝ било сеедно како ќе биде, затоа што тогаш е се во Божји раце. Била свесна дека немала да отпее многу полошо од полуфиналето, па била опуштена.

Дневен хороскоп

Овен

Би можеле да остварите позитивна соработка која би траела на долг рок. 

Сакате нова љубовна врска и посакувате убави моменти на ова поле. 

Можна е минлива главоболка. 

Бик 

Денешниот ден не е добро поставен за нови потфати, ниту пак други важни професионални ситуации. 

Постои фатална привлечност меѓу вас и една личност која ја среќавате често, но не ја познавате доволно. 

Можна е несоница.

Близнаци

Подготвени сте да покажете иницијатива околу промените кои се важни на полето на работата. 

Уживате во убави мигови со саканата личност која ви е максимално посветена. 

Проблеми со нервите. 

Рак

Денешниот ден не е добро поставен за нови потфати, ниту пак други важни професионални ситуации. 

Постои фатална привлечност меѓу вас и една личност која ја среќавате често, но не ја познавате доволно. 

Можна е несоница.

Лав

Ве очекува подобрување на околностите на работа. Сакате да дојдете до промени на ова поле.

Ако имате партнер, можете да очекувате мирен ден. Ако сте слободни, ви се враќа љубов од минатото. 

Мали проблеми со очите. 

Девица

Финансиите ви се променливи и не ви е лесно да го остварите тоа кон што тежнеете. 

Ако не и покажете на саканата личност како се чувствувате, тоа нема да го знае. Важно е да бидете отворени во комуникацијата. 

Избегнувајте ги цигарите. 

Вага

Работата чека на вас и денеска морате да завршите важни работи. 

Денешниот ден е поволен за почеток на нова врска. 

Склони сте кон алергии. 

Скорпија

Можете да очекувате ден во кој ќе имате многу обврски. 

Сигурни сте во своите чувства. Можете да очекувате саканата личност знае како да се постави кон вас. 

Зголемете го внесот на витамини. 

Стрелец

Неопходно е да се посветите на работата бидејќи надредените ви замеруваат поради честото отсуство. 

Размислете за околностите во кои се наоѓате. Можно е да не ги гледате работите од вистински агол. 

Ве мачи несоница.

Јарец

Пред вас е ден со потешкотии на полето на работата. 

Ако сте слободни, ве очекува флерт со нова личност.

Зголемете го внесот на витамини. 

Водолија

Не ве очекува претерано поволна ситуација. Избегнувајте ризици. 

Потребна ви е пауза во љубовта за да сфатите што сакате. Врската во која сте ви причинува задоволство. 

Долниот дел од грбот ви е чувствителен. 

Риби

Патувањето во странство може да ви биде позитивен момент во работата. 

Ве очекуваат промени на полето на љубовта. Време е за мигови на среќа. 

Избегнувајте ги пороците. 

Популарно