ФОТО: На плоштад во Тел Авив се појави статуа со која се исмева контроверзната министерка за култура

Израелскиот уметник Итај Залаит на еден од големите плоштади во Тел Авив постави статуа, исмевајќи се со контроверзната министерка за култура Мири Регев, пренесува АП.

Тој ја прикажа министерката во бел фустан како гледа во огледало. Поставувањето на статуата дојде во момент кога Регев се обиде да "успори" закон, барајќи лојалност во културата.  

Имено, уметниците ја нападнале за обид за цензурирање на уметничкото изразување.

Градското собрание на Тел Авив соопшти дека го почитува протестот, но нареди статуата да биде отстранета, бидејќи е поставена без дозвола.

ФОТО: Откри која желба ѝ се исполнила

Фолк-пејачката Џесика Палашоска одмора во Тајланд. Таа постојно споделува фотографии од одморот таму, од плажите и хотелите каде што ужива, а се пофали и дека ѝ се исполнила една од најголемите желби во животот – да плива со слонови.

„На среќата ѝ нема крај, ми се оствари желбата да се бањам заедно со слончина. Кога сте во Пукет ова е дефинитивно моја препорака за must do. Искуството не можам да ви го oпишам, едноставно ме остави без зборови. Колку се само прекрасни и мили“, напиша пејачката.

Погледнете ги фотографиите од нејзиниот одмор, кои ги објави на Инстаграм: 

Дваесет и први век: требаше автомобили да летаме, но еве каде сме!

Нусрат Јахан Рафи ја полеваат со керозин и ја палат во нејзиното школо во Бангладеш - затоа што пријавила сексуално малтретирање. Датумот е 6-ти април. Не пред 700 години. Пред помалку од две недели.

Нејзината храброрст да зборува против сексуалната злоупотреба, нејзината смрт пет дена откако ја запалиле и сè што се случило во периодот измеѓу, го потресуваат Бангладеш и во фокусот на вниманието ја ставаат ранливоста на жртвите на сексуално малтретирање во земјата.

Кога се прашувате зошто луѓето беснеат дека „чудно ме погледна” се води како сексуално малтретирање, еве ви зошто. Затоа што се одвлекува вниманието од реалните проблеми како овој, ужасно грозен, ужасно поразителен проблем на денешното човештво.

Нусрат имала 19 години, живеела во Фени, мало гратче на околу 160 километри од Дака. Учела во исламско школо. На 27-ми март, според нејзиното сведочење, во канцеларија ја викнал директорот на школото и постојано ја допирал на неприкладен начин. Пред да ескалираат работите - избегала.

Многу девојчиња и млади жени во Бангладеш бираат да ги чуваат ваквите искуства во тајност од страв дека ќе ги осуди општеството или нивните семејства. За жал, излегува дека и со право. За разлика од останатите, Нусрат не само што решава дека ќе каже, туку оди и во полиција.

Во станица, наместо да добие чувство на безбедност и простор да каже што има, полицаецот ја снима со неговиот телефон, па ѝ кажува „големо чудо, де.” Подоцна видеото стигнува до социјалните мрежи.

Целата статија прочитајте ја на Офф.нет.мк

ФОТО: Синот на Аркан од првиот брак објави невидена фотографија со него

Жељко Ражнатовиќ Аркан пред неколку дена ќе наполнеше67 години, а по тој повод на својот Инстаграм профил сподели фотографија од него и неговиот син Војин Ражнатовиќ.

-Денеска ќе наполнеше 67 години! (Офицерска кантина, Ердут 1993), напиша Војин кој е син на Аркан од првата негова сопруга Наталија.

Фановите се прашуваат и како ќе реагира синот на Цеца поради тоа што Аркан го однел во офицерската кантина неговиот син, додека Вељко јасно е дека беше многу поврзан со својот татко и се гордее со неговата храброст која ја наследи и ја применува на боксерските терени.

Популарно