ВИДЕО: „Македонскиот тигар“ го уништи Французот за само 12 секунди!

Ален Амедовски имаше успешен настап против Ибрахим Мане во Белатор, во категоријата до 84 килограми. Македонецот во првата рунда го испрати на подот својот противник.

Амедовски со само неколку удари за 12 секунди го нокаутираше Мане.

Ален Амедовски е роден во Центар Жупа, а живее во Италија, каде што ја гради својата кариера. Италијаните го нарекуваат „Македонски тигар“.

ВИДЕО: Цел свет му се смее на овој боксер

Боксерот не се надеваше на нешто вакво…

Сакајќи да ја покаже неговата моќ и сила, издржувајќи неколку удари по ред ги рашири рацете, но тоа беше неговиот последен потег.

Погледнете го видеото, на коа има и други интересни моменти:

ВИДЕО: Ѕвезда и надвор од теренот - Стоилов во музички спот!

Капитенот на Вардар, македонскиот репрезентативец, Столе Стоилов, доби улога во музичкиот спот за песната „Ќе биде“ на раперот Ненад Ставровски Нешо, каде се појавува и младата пејачка Валери.

Пораката на песната е да се научи по нешто од секој животен пораз и да се оди напред, а во приказната на спотот, во финишот, одлично се вклопува и Стоилов.

Популарно