Бугарија со забрана за работа како гинеколог за Дамчевски

Раководството на Медицински центар „Мајчин дом“ во Софија се обрати до Агенцијата за медицинска ревизија при Министерството за здравство на Бугарија да изврши проверка во врска со гинекологот Николче Дамчевски, кој има потврдена казна затвор од две години од Апелацискиот суд во Скопје, објави бугарската агенција БГНЕС.

До утврдување на околностите во случајот, на докторот му се забранува да извршува медицинска дејност, изјавија од софискиот Медицински центар „Мајчин дом“ за агенцијата.

Дамчевски девет месеци лажел пациентка во Македонија дека е бремена. Тој во Македонија има осумгодишна забрана за работа како доктор и е во бегство. Во меѓувреме, станал член и на Бугарскиот лекарски сојуз, а работел во една приватна болница во бугарскиот главен град. Во пресудата против Дамчевски пишува дека „како гинеколог тој има вина за тешки злосторства извршени врз здравјето на луѓето и фалсификување документи”. Пред судот тој ја признал вината и по двете обвиненија – фалсификување на медицински документи и несовесно извршување на лекарската професија.

Раководството на Медицинскиот центар е подготвено да соработува целосно со истражните и надзорните органи за да се разјаснат околностите на случајот, наведува БГНЕС.

ДРАМА над Скопје: Авион боинг 737 веќе два часа кружи над скопскиот аеродром

Авион боинг 737 веќе два часа кружи над Скопје, не може да слета на аеродромот поради силниот ветер.

Авион Боинг 737-752 кој требаше да слета во Скопје, а доаѓа од Инстанбул, Турција не може да слета на скопскиот аеродром поради силен ветер. Авионот во моментов веќе два часа кружи во воздух помеѓу Велес и Кавадарци.

Законот се менува, но нема да важи за сите

Новиот Закон за извршување не важи ретроактивно, а извршителите ги пуштиле сите предмети кои биле заглавени по фиоките сè со цел да се наплатат по старите повисоки тарифи кои ги предвидуваше претходниот закон. Сега стигнуваат сметките за наплата.

„Сите фактури, сите предмети кои ги имаат, беа во дослух со претставници од министерствата и точно знаеја каков е законот дека нема да важи ретроактивно, иако ни беше ветувано дека ќе биде ретроактивен законот. За да ги фатат старите тарифи, за да го фатат стариот Закон за извршување сите предмети ги пуштија во оптек и сега граѓаните се најдени во небрано“ –вели Марјан Ристески, од иницијатива „Стоп за извршителите“

Како потврда за обвинувањата Ристески пред камерата на Алсат извади извршно решение во кое се гледа дека за долг од илјада денари, извршителите бараат да се плати речиси десет илјади денари

Од Министерство за правда јa потврдуваат ваквата ситуација, иако велат дека главна цел на измените на законот било да се намалат трошоците во постапките пред извршителите и тоа за најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

.

Директорот на Скопската зоолошка иселениците ги нарече „гнаси“

Шефот на изборната кампања на Стево Пендаровски задолжен за Скопје и директор на Зooлошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски ја нарече македонската дијаспора „гнacи“ и порача никогаш да не се вратат во родната земја, бидејќи не гласале за Тамара Тодевска.

-Што да очекуваш од луѓе што продале сe и избeгaлe од poднa земја? Каква срамота…ццц. Фиром нe им cмeтaл , за северна нe гласале за Тамара. А бе oдзeми им и пacoши и право на глас. Гнacи. Pмбajте пoд тyѓо сонце и плукате по се што вpeди. Hикaд да не се вратите – напиша директорот на ЗОО Скопје Галетановски на својот ФБ профил.

Популарно