Како до Г- точка за совршен женски оргазам?

Додека научниците успеат да решат дали Г-точката е мит или факт, ние ќе застанеме во иста линија со жените кои тврдат дека „жешката“ точка постои и дека нејзината стимулација може да доведе до најинтензивниот оргазам.

Сепак, не секоја поза може да ви го достави тоа задоволство. Мисионерската поза иако е најпопуларна, не нуди доволна стимулација на Г-точката и најголем дел од жените тврдат дека тоа е позата во која им е најтешко да доживеат оргазам.

Врвното задоволството доаѓа со експериментирањето. Заборавете на класичната мисионерска поза и подгответе се малку да ги размрдате мускулите. Следуваат неколку едноставни секс пози кои ќе ја зголемат веројатноста да доживеете експлозивен оргзам. Изберете една поза, а потоа продолжете со друга. Експериментирајте и не се плашете да пробате нешто поразлично, затоа што новото делува како афродизијак.

„Модифицирана мисионерска“

Легнете на грб и дозволете му на вашиот партнер да пенетрира, т.е. заземете класична мисионерска поза. Потоа, исправете ги нозете и ставете ги на неговите рамена.

Ваквата поза овозможува длабока пенетрација и стимулација на Г-точката. Тој ќе може да ве гледа додека уживате, а вие ако сте послободни, можете со раката да го допирате вашиот клиторис.

„Јавачка “ и нејзини варијации

Вашиот партнер е легнат на грб, а вие седнувате врз него и се движите или во круг или горе-долу. Оваа поза остава голем простор за експериментирање. Многу жени тврдат дека чувствуваат поголемо задоволство ако застанат на своите стапала (наместо да се клекнати на колена) и ако изведуваат клекнувања. Други пак претпочитаат да му се свртени на партнерот со грбот. Во овој случај, за подобра стимулација, жената треба да ги рашири нозете и да се наведне кон нозете на мажот. Така ќе може да се потпре со рацете на неговите нозе за стабилност.

Во овие пози жената се наоѓа горе и има контрола врз движењата и степенот на пенетрација, па затоа на повеќето жени им се омилени. Рацете на партнерот се слободни, па тој може да ве допира по градите за поголемо задоволство.

„Кучешка“

Клекнете, наведнете се нанапред и потпрете се на раце. Партнерот се наоѓа зад вас и пенетрира одназад. И оваа поза не ве ограничува. Можете да го свиткате повеќе грбот или пак повеќе да ги спуштите градите кон креветот. Прилагодете се во зависност од задоволството што го чувствувате. Партнерот може да ви ги подигне колковите со рацете за уште поинтензивна стимулација.

И мажите и жените ја обожаваат оваа поза. Ваквите пози кои овозможуваат мажот да пенетрира одназад се најдобри за стимулирање на Г-точката. Доколку не се чувствувате комфорно во кучешка поза, пробајте ја следната.

„Лажица“

Легнете свртени настрана, а вашиот партнер нека легне зад вас (поза 99). Нема контакт со очите и затоа секој од партнерите може да се концентрира максимално на задоволството што го чувствува. Рацете на партнерот се слободни, па сигурно ќе посака да ве гали по телото или да ви го стимулира клиторисот.

Ова е интимна поза која дејствува многу еротски. Возбудата може да биде уште поголема ако вашиот партнер ви шепоти комплименти на уво и ве бакнува по вратот.

„Исправени и одназад“

Застанете исправени. Вашиот партнер се наоѓа зад вас. Наведнете се малку нанапред, потпирајќи се на цврста подлога. Вие регулирате колку ќе бидете наведнати. Некои жени обожаваат да се легнати на подлога како маса, а други да се исправени и малку наклонети нанапред.

Оваа поза има елементи од „кучешката“, овозможува директен допир на пенисот со Г-точката и носи неверојатно задоволство.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно