ВИДЕО од спалната соба на Вељко и вереница Богдана

Вељко Ражнатовиќ, синот Цеца и покојниот Жељко Ражњатовиќ – Аркан, покажаа дека неговото семејство живее како и сите нормални фамилии, а тој сака да ужива во мали, секојдневни работи.

Така, Вељко  многу заштитнички се однесува кон неговата помлада сестра Анастасија, на пример.

Многу грижлив и кон свршеницата Богдани Родиќ, чија рака  неодамна ја побара според традиционалните српски обичаи. Деновиве Вељко со еден гест покажа колку ја сака својата идна сопруга… Откако ќе се вовлече во спалната соба, па додека таа спие тој и го прави ова… Кое? Погледнете во видеото!

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Популарно