ВИДЕО: Јелена Карлеуша жестоко „распали“ по Македонецот во „Ѕвездите на Гранд“

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше скопјанецот Стефан Величковски.

Тој се претстави со песните „Нисам те због лепоте волео“ од Жељко Јоксимовиќ и „Лапсус“ од Саша Ковачевиќ.

По своите изведби, Стефан доби четири гласа, односно од Вики Миљковиќ, Џорџе Давид, Јелена Карелуш и Ана Бекута.

Тој истакна дека очекувал да има толку гласови, по што настана општи хаос во студиото на „Гранд“.

„Првата песна беше убава. Меѓутоа, песните на Саша Ковачевиќ ви се такви замки и сите паѓате“, почна да коментира Џорџе, а Стефан го прекина и истакна дека мисли и дека втората песна добро ја отпеал.

Во дебатата се вклучи и Јелена Карлеуша која изјави дека Македонецот има голема самодоверба.

„Едвај чекам да се појави некој пејач и да го отпее Саша Ковачевиќ како треба. Не знам дали да те земам или не и изгледа дека ти ќе ме учиш како се пее, а не јас тебе“ дополни Џорџе, на што Стефан имаше реплика и истакна дека и тој може да го учи рок пејачот како се пее.

Вики го потврди својот глас, но беше збунета од правилата.

„Не е добро кога некој има самодоверба, не е добро кога некој нема самодоверба, па чекајте кој е проблемот?“ Вики застана во одбрана на скопјанецот.

„Овој дечко не е самоуверен, туку е арогантен“ се вмеша Карлеуша.

Вики беше на страната на Стефан која го одбрани и истакна дека дечкото не е аронгантен туку дека има соништа кои сака да ги исполни.

Стефан истакна дека доколку требал да се одлучи меѓу Вики и Џорџ тој ќе ја одбрал Вики.

„Ти си дечко безобрзазен до крај. Ти си нешто најодвратно во последните неколку емисии. Тој арогантен став нема да те одведе никаде. Оди си, ја доби Вики, оди си, не сакам повеќе да те слушам“, распали Карелуша по Стефан.

Само Вики го остави својот глас и таа ќе му биде ментор на Стефан за следниот круг.

(Видео) Тамара Грујеска заврши на 12-тото место на детската евровизија

Македонската претставничка на детската евровизија, Тамара Грујеска, во Ница, Франција, се пласира на 12-тото место.

Франција втортпат по ред победи на музичкото натпреварување, овој пат со Зое Клозир и песната Coeur („Срце“).

Шпанија заврши на второто место, а Ерменија на третото.

(Видео) Последната песна на „Битлси“ излегува во ноември

Цели 53 години по расформирањето, славниот британски бенд „Битлси“ се враќа во ноември со песна снимена со помош на вештачка интелигенција, која го извлече вокалот на Џон Ленон од стара снимка и на тој начин практично повторно ја обедини легендарната четворка.

Употребата на вештачка интелигенција овозможи миксирање песна преземена од демо-снимка на Џон Ленон. Во оригиналното демо беа додадени снимките на електрична и акустична гитара од Џорџ Харисон од 1995 година, пред неговата смрт во 2001 година. Песната беше завршена минатата година во студио во Лос Анџелес со мешање на тапаните на Ринго Стар, пијаното и басот на Пол Макартни.

Двајцата преживеани членови на бендот, Пол Макартни и Ринго Стар, во четвртокот најавија дека новата нумера Now and Then („Сега и тогаш“) ќе биде објавена на 2 ноември.

Песната е создадена врз основа на демо-снимка што Ленон ја направил во својот стан во Њујорк. Четиринаесет години по убиството на Ленон (1980), неговата сопруга Јоко Оно им подари на другите членови на бендот снимка на вокал и пијано.

Подоцна тие ја обработија, но никогаш не можеа да ја објават бидејќи досегашната технологија не дозволуваше гласот на Џон Ленон да се истакне со задоволителен квалитет. Ова сега е возможно, а беше поттикнато од документарната серија Get Back во режија на Питер Џексон (2021).

Режисерот на трилогијата „Господарот на прстените“ користел нова технологија за да го извлече гласот на Ленон од аудиолентата и да го одвои од пијаното.

Прогласени најдобрите албуми во историјата на жанрот

Оваа година се навршуваат 50 години од создавањето на хип-хопот, а популарниот музички портал Consequence of Sound по овој повод ги објави 50-те најдобри хип-хоп албуми на сите времиња.

На врвот на листата се најде современиот класик To Pimp a Butterfly на Кендрик Ламар.

„Кендрик Ламар брзо се етаблира како еден од најважните гласови на својата генерација, со неговиот трет студиски албум To Pimp a Butterfly на кој се наоѓа црнечка протестна песна која ги дефинира последниве години – тоа е песната Alright,“ наведено е во објаснувањето за изборот.

„Излегувајќи непосредно пред почетокот на хаотичната кандидатура на Трамп, има моќ да донесе пофалби за доброто што се случува во животoт на црнците, како и незадоволство од системите кои секојдневно ги изневеруваат. Среде демонстрациите кои бараа одговори за Сандра Бланд, Филандо Кастил и разни други полициски убиства, Аllright беше спасот што нè однесе низ тешките времиња – но тоа не ја дискредитира силата на остатокот од албумот,“ го објаснуваат изборот и додаваат: „Секоја генерација има право на свој најголем хип-хоп албум, а овој е наш“.

На второ место се најде легендарниот албум The Miseducation of Lauryn Hill на пејачката Лорин Хил, а потоа следува It Takes a Nation of Millions to Hold Us Back на пионерите на овој жанр, бендот „Паблик енеми“.

Во првите 10 се Supa Dupa Fly на раперката Миси Елиот, класикот Enter the Wu-Tang (36 Chambers) на бендот „Ву-танг клан“, Stankonia на бендот „Ауткест“, Reasonable Doubt на раперот Џеј Зи, The Low End Theory од A Tribe на бендот „Трајб колд квест“, „2001“ на Др. Дреј и My Beautiful Dark Twisted Fantasy на Канје Вест

Популарно