ВИДЕО: Секс сред толпа за дочек на Нова Година со пренос во живо на ТВ!

Еден пар од Њујорк имал одличен почеток на 2019-та година, судејќи според снимката која вирално се шири на социјалните мрежи.

И оваа година голем број луѓе се собрале на Тајмс Сквер за да ја дочекаат Новата година, а дел од телевизиите ја пренесувале атмосферата од улицата. Меѓутоа, едно видео привлече големо внимание, а на него се забележува како зад новинарката, во толпата луѓе, еден пар изгледа како да има секс.

Снимката започна масовно да се споделува, а корисниците на социјалните мрежи се сложни дека тие двајца воделе љубов насред насобраната топла.

Зошто мажите повеќе сакаат жени со облини?

Ако сакате дами со облини, тогаш ова ќе ве интересира. Еве десет причини зошто овие жени се сјајни во сексот.

Самодоверба

Големите гради и убавиот задник со кои мажите може да се позанимаваат не се единствената причина зошто овие жени се секси, туку затоа што тие се свесни за нивното женствено тело. Убавината и сексапилот можеби немаат врска со големината на телото, но во секој случај во голема мерка се поврзани со самодовербата, а жените што имаат поголема самодоверба се подобри во сексот.

И науката потврди

Научните истражувања покажуваат дека мажите се „програмирани“ така што ги привлекуваат жени со облини. Кој би можел да и одолее на фигурата која наликува на песочен часовник?!

Здрав (сексуален) апетит

Ништо не е посексапилно од жената која знае да ужива!

Животот е краток

За да го поминете со девојка која е опседната со бројот на калории и која по сексот ќе разговара за новата диета.

Големи гради

Немаат сите девојки со облини големи гради, но воглавно тие имаат поголеми од манекенките. Исто така, мора да се напомене дека не е се во градите, но не е на одмет ако девојката има убави гради.

Задник

Ако мислите дека Ким Кардашиан измамува воздишки кај посилниот пол, само затоа што носи тесен фустан, тогаш грешите. Тоа најверојатно е така, затоа што за мажите потсвесно тоа е знак дека жената е со подобро репродуктивно здравје.

Фокус врз забавните нешта

Дамите со облини нема да трошат време за да навлечат три броја помали фармерки на нив, туку на многу позабавни нешта – нови секс пози, разгорување на страстите….

Удобност

Ќе се согласите, бујните гради на заоблените девојки се идеално место на кое можете да ја потпрете главата по добрата акција…

Тие се вистински супермодели.

Еве како влијае водењето љубов врз вас

Сексот четири пати неделно ќе направи чуда за вашиот тен. Доколку често сте "зафатени" во спалната соба, подолго време ќе останете младолики.

Познато е дека сексот е одличен за вашето здравје, но придобивките кoи ги има вашето тело од него зависи од тоа колку пати неделно го практикувате. Сите експерти за секс, како и психолозите ќе ви кажат дека сексот е исклучиво добар за здравјето, но колку придобивки ќе имате од него, зависи од вас.

Колку почесто практикувате секс, толку поздрави ќе бидете, а во зависност од бројот на денови за време на неделата кои ги поминувате во жешки игри во креветот ќе имате повеќе или помалку здраствени предности. 

Еднаш во седум дена - Сексот еднаш неделно позитивно ќе влијае на одржувањето на вашата линија. Водењето љубов го стимулира лачењето на хормонот окситоцин, хормонот на љубов кој, освен што предизвикува блискост помеѓу партнерите, допринесува и помирен и поквалитетен сон, вели др. Хелен Фишер, антрополог од Универзитетот Рутгерс.

Повеќе сон - помалку килограми, бидејќи спиењето го регулира лачењето на хормоните грелин и летин, кои се одговорни за чувството на глад.

Два пати неделно - Луѓето кои уживаат во сексот најмалку два пати неделно имаат 30% поголемо ниво на имуноглобин кој на организмот му помага да се одбрани од болести, тврди едно американско истражување. Доколку имате редовен секс, имунитетот ќе ви се зајакне, па помали се шансите да "закачите" некоја инфекција.

Три пати неделно - Сексот ја зголемува работата на срцето и ја забрзува циркулацијата на крвта. Луѓето кои уживаат во сексот најмалку три пати неделно се изложени на дупло помал ризик од инфаркт отколку оние кои не го практикуваат, според истражување спроведено од научниците на Универзитетот во Бристол.

Четири пати неделно - Сексот четири пати неделно ќе направи чуда за вашиот тен. Доколку сте често "зафатени" во спалната соба, подолго време ќе останете младолики. За време на сексот се зголемува производството на колаген, кој ги спречува брчките и пегите на кожата, велат лекарите од Кралската болница во Единбург, кои биле вклучени во истражувањето на оваа тема. Квалитетниот сексуален живот допринесува за одличен тен и блескава коса, бидејќи циркулацијата за време на сексот се забрзува. Со самото тоа, кожата добива повеќе кислород и изгледа посвежо. Забрзаната циркулација поттикнува и ослободување на токсини.

Пет пати неделно - Редовните сексуални односи го подигнуваат општото ниво на енергија, не прават пооптимистички настроени и покреативни (на сите полиња, не само во креветот), Покрај ова, вашиот однос со партнерот ќе биде поквалитетен, истакнува д-р. Фишер.

Шест пати неделно - Сексот не прави попaметни. Подобрата циркулација значи дека и мозокот подобро работи, а кога ќе доживееме оргазам, доживуваме и "експлозија" хормони кои можат да влијаат и на нашите интелектуално моќи на најпозитивниот можен начин. 

Седум пати неделно - Доколку успеете да го изведете ова, секоја чест. Тоа значи дека не дозволувате да вe спречуваат останатите фактори, како стресот, да уживате во животот. Редовниот секс го намалува нивото на стрес и ги забрзува анксиозните растројства кои се толку чести во денешното време, покажало истражувањето, а објаснувањето кое се крие зад ова е најверојатно зголеменото лачење на ендофрин кој предизвикува водење љубов.

Ова се најчестите машки лаги

Белите лаги се сепак, лаги, а што се крие позади оние кои најчесто ги изговараат мажите, се обиделе да откријат истражувачите од Универзитетот во Колорадо.

И го дознале следното:

„Можеби ќе ти се јавам“ – реченица која ја изговараат кога е многу веројатно дека не планираат никогаш повеќе да ви се јават и да ве видат. Поголемиот дел не сака да звучи грубо, па тоа е најдобриот изговор кој можат да го смислат ако не сакаат повторно да излезат со вас.

„Не планирам да спијам со тебе, само сакам да лежиме прегрнати“ – лага која мажите лесно ја изговараат кога ќе видат дека сте „тврд орев“. Тоа е начин да ви се претстават поневини од тоа што се, а на што вие треба да поверувате.

„Во брак сум, но како да не сум“ – реченица која ја изговара секој трет маж со бурма кој не планира да се разведе, но сака да го освежи својот сексуален живот. Со љубовница, секако.

Популарно