По снежниот ДАВИД следуваат поларни температури и под -15°C!

До крајот на денов врнежи од снег од локален карактер ќе има во западните и во југозападните предели. додека на скијачките центри Попова Шапка и Маврово веќе снегот достигнува и до еден метар.

Потоа за време на викендот кој следува ќе имаме претежно стабилно и суво време но ќе биде многу студено, минималните температури понекаде повторно ќе се спуштат и под -15 степени додека максималните на повеќе места ќе бидатг околу па и под нулата.

Под влијание на нов влажен бран во понеделник ќе имаме нови врнежи од снег со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет со што ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка, сепак накратно на некои од пониските места ќе има услови за врнежи од дожд и снег или влажен снег.

Во вторник пак ќе дува засилен, ПОВРЕМЕНО силен ветер од северен правец а многу ниските температури ќе продолжат и следната недела.

Подготви: Славчо Попоски

Сончево утро, но попладне спремете се за дожд!

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 16 до 22 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево и топло, попладне со услови за врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Следува период на претежно стабилно време, со умерен северен ветер што ќе предизвика благ пад на температурата.

СТУД И СНЕГ: Пристигна студен бран на Балканот!

На Балкнот пристигна студен бран.

Дожд  и сннег во северозападна Хрватска. Според метеоролозите, како одминува денот, снег ќе има и на повеќе места.

Засега снег има во Слјемен и Запрешица.

Веќе после пладне темепратурите опаднале за 10 степени.

Претежно сончево, со умерен ветер

 Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец.

 Температурата во утринските часови ќе биде во интервал  од минус два до четири степени, а дневната температура од 15 до 25 степени.Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до 23 степени.До вторник претпладне ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура

Популарно