СКАНДАЛОТ продолжува: Откриени нови вакцини со истечен рок

Нови вакцини со декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград, објави „Независен“.

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, не открива за колку вакцини МРП со погрешно аплицирани декларации станува збор и во кои здравствени домови и градови.

„Инспекторите во средата влегоа во компанијата „Македонија лек“, каде што и во текот на вчерашниот ден ја проверуваа документацијата. Треба точно да се утврди на колку вакцини им биле аплицирани декларации со истечен рок. Планираме денеска да ги имаме резултатите од контролата и да ги обелодениме. Се проверуваат и вакциналните пунктови. Ќе излеземе со точен број на вакцини што се најдени деновиве со декларации со истечен рок. Кај вакцините нема никаков проблем со рокот, сите се со важечки рок и се работи за сериозна фирма производител. Тоа што е направено со декларациите е техничка грешка. Ќе има санкции за компанијата увозник по ваквиот пропуст, тоа во моментов го разгледуваме. Во правилникот за дистрибутивна пракса разгледуваме да внесеме новини, да го прошириме за во иднина да се внимава како се дистрибуира лекот од увозникот и како се прима во здравствените домови. Да се следи дистрибутивниот синџир и точно да се дефинираат казните како за последната направена техничка грешка“, објаснува Ибраими за „Независен весник“.

Силјановска: Ќе ви снема политичари од опозицијата за апсење

Професорката и претседателски кандидат, Гордана Силјановска, го коментира апсењето на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

„Како тргнавте со апсењата ќе нема политичари во опозиција…па од Ципрас ќе барате да ви прати“, пишува Силјановска на Твитер.

Јакимовски утринава беше уапсен заедно со уште неколку лица, поради истрага на Обвинитеслтвото за организиран криминал. Се сомничи за злоупотреба на службената положба и проневера на над еден милион евра.

Мицкоски за апсењето на Јакимовски: Доаѓа правда за сите

Апсењето на лидер на опозициска партија на еден месец пред гласањето на претседателските избори не е ништо друго освен чин на брутален политички притисок и израз на огромен страв и паника на заевизмот кој губи, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во фејсбук-објава, а во врска со денешното апсење на Стевчо Јакимовски.

„Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за било кој човек од оваа власт, а сепак ние остануваме држава заробена во корупција на дното во Европа покажува дека е криминална и варварска власта. Очигледно кампањата на заевизмот се апсења, но во исто време тоа покажува и дека Заев драматично губи кај народот“, наведува Мицкоски во објавата.

На крајот од својот статус, партискиот лидер порачува: „Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме. Доаѓа правда за сите“.

Рускоска СО ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊЕТО на Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стефчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично пониска цена, за МИА изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска.

Според Рускоска станува збор за повреда на Законот за јавни набавки, легализација на времени објекти, што потоа бесправно биле градени, исто така, спротивно на законот поточно злоупотреба на службената положба и овластувања, став 5 во врска со член 45.

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски и уште две лица вработени во општина Карпош се приедени и изнесени пред судија на претходна постапка, а во истрагата се опфатени уште пет лица, за кои се побарани мерки на претпазливост.

Јакимовски беше приведен и лани во август на барање на финансиската полиција поради сомненија за злоупотреба на службена должност во времето додека бил градоначалник на Карпош.

Популарно