Успешен старт на Ракометарите

Успешен старт за машката ракометна репрезентација на шестото светско првенство, чии домаќини се Германија и Данска.

Во Минхен, Македонија не ѝ даде никаква шанса на Јапонија да се надева на изненадување и на крајот славеше убедлива победа од 38:29 (18:13), одржувајќи контрола врз натпреварот во текот на сите 60 минути.

Капитенот Кире Лазаров беше прв стрелец во редовите на Македонија со осум погодоци, еден повеќе од Дејан Манасков, но значителен придонес за ваквиот развој на натпреварот имаше Борко Ристовски со 20 одбрани, од кои дури 12 во првите половина час.

Следно на програмата за македонската репрезентација е дуелот со Бахреин, што се игра в недела од 14 часот.

ФОТО: Стоилов и неговиот брат Стефан го чистеа „Вардариште“

Македонскиот ракометен репрезентативец и капитен на Вардар, Стојанче Стоилов и неговиот брат Стефан се приклучија на кампањата „НеБидиЃубре“ предводена од актерката Ирена Ристиќ. Двајцата денеска, заедно со останатите членови на оваа група го чистеа стационарот за бездомни улични животни „Вардариште“, како и околината.

Стоилови покажаа како се сака својот град, секоја чест момци!

На турнирот во Индијан Велс не очекува меч за паметење

Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе се соочат еден против друг по 39-ти пат, откако двајцата се квалификуваа за полуфиналето во „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс.

Федерер го елиминираа Хуберт Хуркач од Полска со 6:4, 6:4, а Надал  имааше малку потешка задача против рускиот тенисер Карен Хачанов – 7:6 (2), 7:6 (2).

И двајцата тенисери  не изгубија сет од почетокот на турнирот. Тие не се сретнале на теренот во последниве 16 месеци, а актулениот баланс помеѓу двајцата е 23:15 во корист на Матадорот. Сепак, последните пет натпревари ги освои Маестро.

Дваесет и две-годишниот Хуркач отстрани тројца носители за да стигне до своето прво четвртфинале на турнир од АТП 1.000. Сепак, немаше многу шанси за неговиот идол од детството.

– Тоа беше вистинска лекција за мене. Роџер беше едноставно совршен во клучните моменти, призна Полјакот по мечот.

Самиот Федерер пак го прокоментира дуелот против својот најголем ривал во кариерата во полуфиналето.

– Против Рафа ќе биде многу тешко. Тој е во добра форма и сака да игра тука. Кога е здрав, натпреварите против него се вистински тест. Не можам да сметам на фактот дека она што ми донесе успех последниот пат, ќе ми заврши работа и сега, рече Федерер.

Во другиот полуфинален дуел ќе се сретнат со Милош Раониќ и Доминик Тим.

ФОТО: Македонец ја покрил „Северна“ на рекламните паноа низ цел Марибор

На 24 март фудбалската репрезентација на Македонија и гостува на Словенија во рамки на квалификациите за ЕУРО 2020. Натпреварот ќе се игра во Љубљана, на стадионот „Стожице“, а рекламни плакати веќе има низ некои градови на Словенија. Меѓу нив и во еден од најфудбалските градови во оваа земја – Марибор.

На рекламните плакати, на кои стои „Нашето срце бие за Словенија“ нашата репрезентација е најавена како фудбалска репрезентација на „Северна Македонија“.

Но, еден Македонец, секаде каде што можел, со лепенки „Don’t you FIROM me“ и жолта лента ја покривал „Северна“ низ рекламните паноа во Марибор.

Популарно