Се припрема голема српска свадба во семејството Ражнатовиќ

Српските медиуми на големо пишуваат за свадбата на синот на Цеца која треба да се случи оваа година, иако точниот термин засега не е закажан.

Сепак парот потврди дека до крајот на годината ќе се заколнат на вечна љубов.

Сестрата на Вељко Ражнатовиќ во итервју за српски „Информер“ открила и неколку детали од свадбената церемонија.

-Сигурна сум дека двајцата ќе сакаат да ги почитуваат сите наши обичаи, така да сигурно ќе имаме многу работа. Не сакаме да ја препуштиме работата на други, па затоа сами ќе се фатиме за работа, вели пејачката Анастасија Ражнатовиќ.

Таа додава дека Вељко се уште не им дал конкретна функција околу организирањето на венчавката, но тоа сигурно ќе биде, откри и дека таа ќе пее на нивната свадба.

-Имам доста убави песни кој ги сакам. Одлучив да направам список на омилени, за да не се случи да заборавам некоја песна на денот на свадбата, додава Ражнатовиќ.

(ВИДЕО) Што работи Татјана Лазаревска во Австралија и со кого се дружи?

„На Водици, 20 јануари 2015, јас, сопругот Новица и двата сина се преселивме во Австралија. Имавме храброст за тоа. Иако во Македонија имавме пристоен живот, ни фалеа уште некои работи за да имаме навистина квалитетен живот“, раскажа фолк-пејачката Татјана Лазаревска за „Репортер“ која овие три недели е во Македонија. И овој пат дојде сама. Новица сè уште не бил во Македонија, но Татјана вели дека и тоа наскоро ќе биде, ќе дојдат заедно.

Таа за „Репортер“ кажа дека во Австралија работи како воспитувач во градинка, а Новица вози училиштен автобус. Вели дека таму се дружи и со ајктерот Васко Тодоров или Тошо Малерот и пејачката Маријана.

ФОТО: Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ чека второ дете

Пејачот Алекса Перовиќ кој се прослави со учеството на „X Фактор“, а потоа победи и во „Ѕвездите на Гранд“, наскоро ќе стане татко на своето второ дете.

Имено, тој и неговата сопруга чекаат да им се роди втората ќерка. На нивната среќа немало крај, а убавите вести Алекса ги сподели на друштвените мрежи.

„Моите три принцези“, напиша пејачот во опис на фотографијата која ја објави со ќерката и бремената сопруга.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Moje tri princeze! ❤️ 📸 : @hylaaa

A post shared by Aleksa Perović (@aleksaperovic) on

Жељко Самарџиќ: Од моментот кога дознав за болеста како да ми се cpуши светот

Пејачот раскажа за здравствената состојба која му се случила неодамна.

– Од моментот кога дознав за болеста како да ми се сруши светот, не ни знаев што ми е. Сега продолжувам со нормалниот живот, бидејќи редовно ја земам терапијата на секој три месеци идам на контрола и проверувам крв.

Мене болеста ме промени од корен, а јас порано земав чаша ракија или вино, но сега тоа не можам да го направам, бидејќи го чувам гласот. Кога тоа ми функционира се е ОК, вели Самарџиќ.

Инаку болеста Хашимото е болест на смалена функција на штитната жлезда.

Популарно