Откако се заканивме дека ќе викнеме камери лекарите изреагираа

Во средата отидовме на Инфективна клиника околу пладне. Детето беше изнемоштено, рекоа дека се морбили, а јас им кажав за болеста на детето го лечевме во Белград, сведочи родител на 13 месечното бебе што почина викендов, пишува „Курир“

-Се им кажав за болеста на детето, а тие не пратија на Детска клиника на пулмологија. И оттука почнува префрлањето од Детска велат одете на Инфективна, тие пак не пратија на детска, вели родителот.

Родителот, како што посочува, прво почнале да го префрлаат проблемот, а второ не сакале да преземат одговорност

-Изгубив точно 6 саати додека го примат. Дури после 18 часот и толку шетање детето немаше примено никаква терапија, потоа му дадоа само парацетамол. Детето и потоа немаше примено антибиотик. Ние како родители алармиравме, а лекарите префрлаа од еден на друг, даваа некои површни објаснувања, вели родителот.

Реакцијата на вработените, како што сведочи родителот ја виделе дури откако се заканиле дека ќе викнат медиуми и камери.

-Зарем е нормално за нега на дете да молат родителите и да им се закануваат на вработените за да изреагираат, посочува родителот.

Пендаровски се заблагодари и на албански до американскиот Сенат

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, упати благодарност до Сенатот на САД за ратификацијата на протоколот за членство на нашата земја во НАТО.

„Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност“, објави шефот на државата.

Пендаровски истото до Вашингтон го напиша и на албански и англиски јазик.

Инаку, вчера „ЗА“ гласаа 84 сенатори, а само двајца сенатори, еден од Јута и еден од Кентаки, се изјасниле негативно, додека не гласале 14.

Европскиот парламент денеска ќе и се извинува на Македонија

Европскиот Парламент денеска во Стразбур повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија, а дебатата ќе се одржи попладнево.

Денеска на дневен ред на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која ќе се изјасни дека Скопје и Тирана треба да ги започнат пристапните преговори со Унијата.

Вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не успеа да постигне консензус на последниот самит, пред сѐ поради противењето на Франција.

Предвидено е ЕП да изрази жалење поради одлуката на земјите членки да го блокираат стартот на преговори со двете земји. Во верзијата на Социјалдемократската група се критикува „улогата на претседателот на Франција и други земји членки во овој поглед”.

Пратениците се очекува да им посочат на земјите членки дека Советот треба да понесе одговорност за одлуката, да се однесува согласно сопствените заложби и да се држи до принципот на сопствени заслуги во оценувањето на земјите кандидати.

Предложените амандмани предвидуваат да ја поздрават „одлучноста на Северна Македонија да продолжи да напредува во реформската ЕУ агенда” како и силно да ја пофали „позитивна дипломатија на Северна Македонија”, посебно во однос на билатералните договори со Грција и Бугарија. 

За ова прашање се очекува повторно да се разговара во Рим во ноември, а одлуката да биде преиспитана следната година во мај на Самитот во Загреб.

Заев: Јас сум првиот што сака Груевски да ја одлежи казната

Премиерот Зоран Заев вечерва во гостувањето на ТВ24 истакна дека во моментот кога Груевски избегал бил слободен човек.

„Човек што е слободен, во секоја земја може да ја напушти државата. Тогаш се истражува, не сега. Човекот фатил границата кон Албанија и во тој момент бил слободен. Јас сум првиот што сака Груевски да си ја одлежи казната за пример дека има казна“, рече Заев.

Популарно