ВИДЕО + ФОТО: Кој е Џемо Биљбиљ или инспектор Томе од „Преспав“ и зошто нема ни Фејсбук ни Инстаграм?

За него важи правилото дека станува популарен на секои 10 години… ѕвезда на рати! Ќе се појави како некој нов лик, ќе направи „растур систем“, ќе ја освои нацијата со својата нова улога која ќе му донесе енормна популаност и наеднаш преку ноќ ќе исчезне, ќе го снема… И се така до следната улога за „широки народни маси“, која како по некое непишано правило, му доаѓа со секоја следна декада. Или тука некаде.

Горан Стојановски, дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности, по потекло од Охрид каде живее и работи, еден од основачите на Охридсскиот театар, директор на центарот за култура во Охрид… Сето ова му стои во биографијата, во официјалното Си –Ви…

Ама сепак, по она, „неофицијалното“ е многу попознат и попопуларен – неговите драмски и особено ТВ ликови.

Како оној на началникот Јеротије Пантиќ во новото видување на претставата „Сомнително лице“ на Нушиќ, во неговиот матичен охридски театар, уште додека не беше ниту тетатар, туку само театарска дружина.

Сепак, серијалот „К 15“ ќе му ја донесе првата поширока популарност. Заедно со неговиот колега од театарската дружина и другар од детството Климе Новески со своите улоги и извртениот „Македонско – Турски јазик“ во еден момент ќе станат попопуларни и од самите Тошо, Миле и Цацко.

Откако престанаа да се појавуваат во „К 15“, чаршијата наголемо зборуваше дека токму трите лика намерно „се ослободиле“ од  охриѓаните, зашто овие им го украле шоуто!?

Ликот на „Џемо – Биљбил“ во вестите на шоуто 1+2  и особено соработката со Роберт Саздов од „Куку Леле“ ќе го направи  ултрапопуларен лик, кој ќе почане да го препознава и старо и младо на улица. Тој и дел од неговата охридска екипа ги препејаа хитовите на популарното дуо, со свои комични текстови, од кои публиката „зајдуваше“ од смеење. Снимената касета со песните ( тогаш немаше ЦД –а) во средината на 90-те, се смета за најтиражниот музички производ и апсолутно најпродаваниот носач на звук (плоча, касета, ЦД) на сите времиња во историјата на Македонија.

По ликот на „Џемо – Биљбиљ“ следуваат ликот на началникот во театарско хумористичниот ТВ серијал „Штаб“, одново со охридската театарска екипа. Комично-политичка пародија на состојбите во општеството.

„Ѓоре – Шнајдерот“ е следниот ТВ лик кој Стојановски ќе го игра, лик кој низ „делењето памет“ преку „ мисли и мудрости од малиот мозок“ на размуабетениот кројач ќе му ја врати „one man show“ популарноста на актерот одржувајќи го меѓу познатите ликови во ТВ етерот.

Минуваат години, во меѓувреме Горан Стојановски станува еден од основачите на Охридскиот театар, подоцна и директор на центарот за култура во Охрид.

2014 година ТВ Алфа го враќа ликот на  Џемо-Биљбиљ на екраните, но популарноста не е ниту оддалеку онаква каква што некогаш беше.

Чиновничката работа огледана во директорувањето се повеќе го ограничува и му дозволува да се занимава со актерскат професија, се’ додека не се појави ситкомот „Преспав“. Ликот на вишиот околиски инспектор Томе одново ќе му ја воскресне популарноста на актерот чиј лик ќе стане „заштитен знак“, еден вид огледало на работата и однесувањето на државната администрација во македонското општество.

И покрај сета популарност сиве овие години, особено изразена по трите сезони на „Преспав“, Горан Стојановски остнува верен на традиционалните вредности и сопствената етика. Затоа воопшто не ги користи социјалните мрежи, нема ниту Фејсбук ниту Инстаграм профил, зашто смета дека сето тоа нема смисла.

„Нема потреба со некого да се допишувам, кога можам да кренам телефон и да му се јавам и да се договорам да се видиме, ако има што да си кажеме. На фејсбук е едно, а во живо сосема друго“ – ќе изјави во едно свое интервју по ова прашање денес популарниот инспектор Томе.

Погледнете зошто во Унгарија не се наздравува со пиво

Во Унгарија нема наздравување на кригли, пишува welovebudapest.com, додавајќи дека се верува дека таквиот обичај влече корени откако Австријците ја прославиле победата над Унгарците во 1848 година во Виена, гласно наздравувајќи пиво и чукајќи чаши.

Наводно, после тоа Унгарците рекле дека нема да наздрават со пиво уште 150 години, а иако поминале годините, Унгарците се уште пијат пиво во тишина.

Но, тие ќе наздрават со други алкохолни пијалоци, како вино или палинка, додека ги држат очите широко отворени за да се уверат дека имаат контакт со очите, бидејќи не е доволно само да се каже: Egészségedre!

„Најважното нешто што треба да запомните е дека ако некогаш ви понудат палинка, мора да ја испиете. Дури и ако е трета чаша или ако е домашна и не е многу добра, сепак мора да ја пиете. Ова важи и за домашното вино на домаќинот. За среќа, домашната палинка всушност може да биде одлична.

Палинка е унгарска ракија која има заштитена ознака од географско потекло, што значи дека може да се приготвува само во Унгарија. Добро е да знаете дека рестораните и баровите обично не се евтини, па понекогаш е корисно да го погледнете ценовникот пред да нарачате неколку чашки одеднаш.

Фиби Гејтс: Луѓето ме следат на социјалните мрежи само поради популарноста на татко ми

Фиби Гејтс, најмладата ќерка на Бил Гејтс, инаку успешна „тиктокерка“, признава дека она што најмногу ѝ пречи во животот е тоа што јавноста создава лажни мислења за неа и нејзиното семејство.

Имено, Фиби во интервју за „Информејшн“ објасни дека ѝ пречат гласините и теориите на заговор за татко ѝ, избрзаните и погрешни заклучоци, а убедена е и дека луѓето ја следат на интернет само затоа што е ќерка на Бил Гејтс.

– Прилично сум сигурна дека луѓето почнуваат да ме следат поради моето презиме и татко ми. Веројатно на луѓето им е смешно да го видат татко ми како си игра со „Боксболен“ („паметна“ вреќа за бокс)… Но, штом ќе ме заследат, главно остануваат на мојот профил. И мислам дека остануваат затоа што објавувам многу за жените, женското здравје и слични работи, изјави Фиби.

Фиби рече и дека нејзината мајка ѝ е поддршка и оти е љубопитна за секој нејзин успех на социјалните мрежи.

– Таа разбира дека токму тука растат младите луѓе денес. И татко ми објавува доста на социјалните мрежи, но тој самиот не следи други луѓе, додаде Фиби.

Младата девојкa патем нагласи дека ѝ е смачено од некои следачи што ја критикуваат оти е во врска со црнец, т.е. со Роберт Рос.

– Момци, 2023 година е и ме прашувате зошто сум во меѓурасна врска!?, праша Гејтс реторички.

Инаку, Гејтс има повеќе од 64.000 следачи на Тик-ток, а 195.000 луѓе ја следат на Инстаграм.

(Видео) Новинарка стави кондом за да го заштити микрофонот од ураганот во Флорида

Ураганот Ијан кој ја погодува Флорида, САД, однесе неколку жители и остави милиони без струја, иако властите спроведуваат очајни спасувачки операции низ целата држава.

Според PowerOutage.us, од почетокот на четвртокот, повеќе од 2 милиони корисници останале без струја поради огромното невреме, проследено со многу уништени дрвја, автомобили итн.

Додека ураганот Ијан беснееше на територијата Флорида, новинарката на „NBC“, Кајла Гелер, смислила безбедно известување, гордо и вешто поставувајќи кондом со цел да го својот микрофон.

Популарно