ФОТО: Повеќе не изгледа вака

Пејачката Ана Николиќ се поочигледно е дека сака да го смени својот живот од корен, особено својата телесна тежина.

Имено пејачката сака да се ослободи од вишокот на килограми кои ги доби за време на бременоста, па таа реши да го врати сексапилното тело кое го поседуваше некогаш.

Пејачката која поради својот изглед неретко беше на мета на јавноста реши да трча, да прави шпага, да стои на раце и да вежба секојдневно во теретана, а сето тоа го споделува со фановите на својот Инстаграм профил.

 Погледнете како изгледа сега: 

Гоца Тржан откри деталите од првата врела ноќ со сопругот

Гоца Тржан во свој стил, без влакна на јазикот, ги открила деталите од првата жешка акција со сегашниот сопруг Раша Новаковиќ. Рекла дека тоа било нешто најсмешно што и се случило во животот.

„Рашо го возев за се*с два-три месеци. Баш се заинати да ми улета со „клизачи“. На крајот кога сфатив дека ми треба малку да се средам затоа што бев во очајна психофизичка состојба и се согласив. Дојде со избричени и воспалени нозе. Требало да земе машника да ги скрати влакната, но комшијата не му ја дал, па се избричил и кај мене дојде со воспалени нозе. Тој наш секс беше најсмешното нешто што ми се случило во животот! Не мислам најлошо, туку многу се смеевме. Тој беше смешен, во еден момент во налетот на страст само рече: „Чекај, нешто ме чеша.“ Љубовта боли и чеша“, рекла Гоца

Ќерката на Шаулиќ ја отвори душата

Илда Шаулиќ, наследничката на покојниот крал на народната музика Шабан Шаулиќ, ја отвори душата и призна колку животот се променил по несреќата која се случила.

И покрај тоа што неодамна почна нејзиниот татко, Илда изгледа прекрасно,а  таа откри што е заслужно за насмевката на нејзиното лице, по најтешкиот период во животот.

„Како да ви кажам… Не можам да се пофалам со некои специјални причини, како што и самите знаете. Но, му благодарам на Бог, здрави сме, детето расте и се радувам на некои нови работи во животот. Музиката беше мој живот и живот на татко ми и тој сигурно сака така да продолжиме“, вели Илда.

ФОТО: Погледнете каде ужива Каролина на одмор ова лето

Најголема слабост на Каролина Гочева се внуките, Инес која има три години и седумгодишната Луција. Пејачката на својот Инстаграм профил објави фотографии од одморот со внуките, на грчкиот остров Родос.

Каролина со радост сподели момент кога Инес и Луција јаваат магаренца во гратчето Линдос.

Инес и Луција се ќерки на нејзината сестра Сандра и на зетот Иван и живеат во Битола.

Популарно