Поскапува влезот во скопска Зоолошка

Билетот за влез во скопската Зоолошка градина ќе поскапи и наместо 50 денари ќе биде 80. Влезот за деца до 3 години и натаму останува бесплатен. Оваа одлука за промена на цената за влез во Зоолошката ќе се најде на дневен ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје и доколку биде усвоена треба да стапи на сила на почетокот на јуни, пишува СДК.МК.

Во образложението на градоначалникот Петре Шилегов се вели дека поскапувањето се должи на зголемениот број содржини и нови животни во градината.

Според новиот ценовник се воведуваат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница. Влезот во паркот на диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари.

Наставници заборавиле 8 деца во скопската зоолошка!

Пред неколку дена наставници од Радовиш заборавиле осум дечиња во Зоолошката и тргнале со автобусите без нив.

– Кутрите дечиња, беа преплашени зашто ги оставија сами во друг град. Едно детенце додека учителка пиеше кафе, падна и си ја дупна главата. Друга група деца уништија вртелешка која чини 5.000 евра. Среќа што ние, вработените, сме спречиле многу поголеми инциденти, иако јасно им е напоменато на училиштата дека деца до 16 години мора да шетаат во придружба и не смее да се пуштат сами низ градината – објаснува Тина Мицковска, која работи во одделот за односи со јавноста во Зоолошката градина

На прашањето како реагираат наставниците кога вработените им укажуваат дека децата се во опасна ситуација или прават неред, Мицковска вели:

– Дел од нив се извинуваат и си ја поправаат грешката, дел, и покрај опомените, продолжуваат, а дел ги пријавуваме во општините од каде што е училиштето. За групни посети, сега подготвивме договор кој ќе го добијат на врата и со кој наставниците се обврзуваат да ги почитуваат правилата и да се грижат за дечињата.

Целата статија на Деца.мк

Врие змии во Скопје

Топлото време и потрагата по храна ги натера змиите да излезат од скривалиштата. Тие денеска се појавија во дворовите во населбата Бардовци.

Откако драстично се стопли времето појавата на змии низ Скопје стана зачестена. Минатата година во исто време имаше наезда од змии во Центар, Ѓорче Петров…

Познавачите на влекачи велат дека нормално е кога змиите се будат од зимски сон во потрага по храна да се симнат и во градот, особено во периферните делови на градот.

- Од 15 март до 15 октомври на змиите им е процес на хранење и парење. Од април до јуни им е парењето. Ова е нивно нормално однесување, не се поагресивни. Од 16 видови змии кај нас само пет се отровни, а од нив само поскокот е директна закана и може да доведе до смртни последици и веднаш треба да се побара помош. Смоковите, кои најчесто ги има низ градот, се безопасни, велат херпетолозите.

Се препорачува доколку граѓаните видат змија во широк круг да ја заобиколат и да не ја фаќаат. Дворовите да им бидат искосени, шутот да е отстранет. Во природа да се носат соодветни затворени чевли и долги панталони, да се гледа каде се седнува и каде се ставаат рацете. За разлика од смоковите, поскокот има рокче на главата по кој може граѓаните да го распознаваат.

Ова се новите цен во Зоолошката градина во Скопје

За да може да ужива во дружбата со животните во зоолошката во главниот град, едно семејство од четири члена ќе мора да издвои 320 денари.

Билетите поскапеа 30 денари и сега ќе чинат 80 денари а за директорот поскапувањето било неопходно поради трошоците кои ги имала зоолошката со доаѓањето на новите животни.

Според Галетановски поскапувањето е симболично.

Нови цени од летово ќе има и за содржините кои ќе се отворат допрва. За влез во паркот на диносауруси ќе треба да платите плус 50 денари а во мини зоолошката плус 20 денари ако сакате да ги видите бебињата животни.

Отприлика 1000 денари ќе ви требаат за еден ден да го поминете во зоолошката во Скопје.

Популарно