Не пееше ДПМНЕ, туку незадовлното мнозинство од народот во Македонија

Сеуште под емоции од европската круна на РК Вардар, со болки во грлото од 3 дена бодрење пред тв и на плоштад, ќе посветам уште еден текст на црвено црната боја. Поточно, на политиката и поделбите во македонското општество, дури и при ваков ОГРОМЕН успех на момците со две срца.

Најпрво, ВАРДАР е шампион на Европа! Тоа е насловот! Вардар! Не Груевски, не Заев, ниту Мицкоски, Шилегов... Никој од нив никогаш не бил на врвот од Европа! НИКОЈ! Само Вардар! Вчера и завчера се славеше европска титула на Вардар! Не беше тоа политички митинг. Не беше поразен СДСМ, не победи ДПМНЕ! НЕ! Победи Вардар, победи Скопје, победи Македонија, Балканот и сите што навиваат за црвено црните! СИТЕ! Без разлика на национална, верска, политичка...припадност. Сите кои искрено навиваат за Вардар се победници и никој нема право да им забрани да се чувствуваат така. НИКОЈ! Вардар има љубов за сите, почнувајќи од најверните, „Комитите“, па се до малите дечиња кои вчера на ушка на татковците присуствуваа на прославата на плоштад! Црвно црната обединува, не е извор на поделби. Поделбите се резултат на политика и немаат никаква врска со Вардар!

Нашето општество е поделено многу оддамна, уште во СФРЈ. Поделбите, посебно по етничка линија, продолжија и по 91 година. Последниве неколку години сме сведоци на нова поделба. Поделба во македонското ткиво. Од „патриоти и предавници“, „антички и словени“, „Македонци и Северџани“, „тврдокорни и слободоумни“. Поделби конструирани од политичарите од сите политички партии, со цел да ја полесно да ја „продадат“ својата програма и да дојдат на власт. Немало политичар во Македонија зад кој застанал цел народ, па затоа сите кои досега се појавиле на политичката сцена им се обраќаат само на „своите“. Го мотивираат своето членство и истомислениците да излезат на гласање и да гласаат за нив. За спротивниот табор многу често имаат погрдни зборови. Најочигледен пример за ова се политичарите од албанскиот блок, во чии програми СЕКОГАШ во прв план е етничката програма. Да, во програмата се зборува за целата држава, економија, здравство, право, но акцентот е секогаш на правата на Албанците. Слични, до пред неколку години беа и програмите на македонските политичари, но по поделбата во македонското гласачко тело, разликите во програмите се однесуваат на Македонците. Всушност тие и ја предизвикаа оваа поделба, па сега борбата е кој подобро ќе ја искористи. Тоа воопшто не го кријат, па при последните претседателски избори, партиските штабови се фалеа кој колку гласови освоил по етничка припадност! ДУИ и СДСМ се расправаа кој колку албански гласови донел, додека ДПМНЕ се фалеше со поддршката од Македонците! Истите оние кои ни зборуваат за соживот, при своите јавни анализи ги делат своите гласачи по етникум!

Премиерот, Зоран Заев и „Шарената револуција“ го донесоа слоганот „Едно општество за сите“, но и тоа се однесуваше само на нивните истомислении. Всушност, најголемата поделба меѓу Македонците е заслуга токму на владејачката гарнитура со газењето на референдумот за Преспанскиот договор. Токму Заев, кој се самопрогласи за обединувач на народот во Македонија, ја направи најголемата поделба со менувањето на уставот и уставното име и покрај мнозинската желба на граѓаните тоа да не се случи. Премиерот јавно кажа дека референдумот пропаднал, но дека „мора“ да ја послуша волјата на малцинството, намерно и свесно газејќи ја волјата на мнозинството. Затоа вчера на плоштадот се пееше „Никогаш Северна, само Македонија“! Не пееше ДПМНЕ, туку незадовлното мнозинство од народот во Македонија. Таа порака не е од Мицкоски или Груевски, туку од обасправеното мнозинство! Обесправени од својата влада, од своите лидери! Не беше тоа порака за поделба, туку порака како резултат на поделба од страна на власта. Лошото е што сега таа порака, повторно ќе биде причина за зголемување на јазот меѓу спротиставените страни, затоа што во Македонија дискусија не постои. Постојат само дијаметрални ставови и омраза меѓу групите. Токму затоа денеска Столе Стоилов е херој за едните, „тврдокорен националист“ за другите! Без разлика дали со неговиот став се согласува поголем или помал дел од народот, никој не го анализира ставот на капитенот на Вардар, туку се се сведува на идеализирање или критика на неговата личност. Уште пострашно е што добар дел тоа го прават затоа што така мислат „нивните кланови“. Доказ за тоа се променетите ставови на повеќе политичари и јавни личности од СДСМ, за кои до пред некоја година Вардар беше ЗЛО, а сега слават титула! Самсоненко беше државен непријател број 2 (број 1 секогаш е Груевски), а денеска истиот беше кај Шилегов, Заев и Пендаровски и доби 700.000 евра државни (наши) пари! Токму таа промена на ставови кај политичарите треба јасно да ви укаже дека тие всуност и немаат став, туку интерес! Само ИНТЕРЕС и ништо друго! Јас го сакам Вардар откако знам за себе и никогаш за мене не постоел друг клуб. Да, навивам за Манчестер Јунајтед, навивав и за Милан во раните 90ти (пред да ја откријам Премиер лигата), симпатична ми е и Валенсија (од времето на Мендиета и Клаудио Лопез), навивам за Хјутсон Роктес во НБА... навивам за секој спортски колектив од Македонија кога игра во Европа, но само Вардар го сакам! Јас имам јасен став, затоа што се водам од емоција, затоа што не сум политичар и не гледам да исполнам некој свој интерес. Политичарите и клановите околу нив функционираат исклучиво од таа гледна точка. Интерес, власт и ништо друго. Токму затоа деновиве сите политичари се обидоа да ќарат по некој поен од титулата на Вардар. Се јави дури и азилантот од Унгарија. Преку Фејсбук го поздрави големиот успех, но не пропушти да го подели народот со тоа што посочи дека на СДСМ му е непријатно што народот се радува. Мицкоски беше во Келн и објави фотографии од преполаната сала во дрес на Вардар. Заев честиташе преку ФБ, а Пендаровски во друштво на поранешниот член на Вардар и македонската репрезентација Мојсоски, сподели афектни фотографии. Дали некој од нив навистина навива за Вардар? Не знам, но знам дека сите секогаш ќе се обидат да ќарат некој поен кај гласачите. Тоа им е секогаш приоритет. Доказ за тоа е видеото кое се врти по интернет, на кое Шилегов тажно дреме во некој ќош на плоштадот во Скопје. За него титулата не е доволна за радост, треба да е во центарот на вниманието за да покаже (лажна) емоција.  На искрен навивач, не му треба публика. Тој пее и плаче и кога е сам.

Државата, односно оние кои ја водат (сега и во минатото) се причината за поделбите, затоа е нелогично во нив да го бараме решението. Од таму нема да дојде! Концептот подели, па владеј е постар од сите нас, па нема потреба да ви го објаснувам. Старата доктрина одлично функционира во Македонија. Одлично за оние кои се на власт или се стремат да дојдат. За нас, граѓаните НЕ! Затоа ние мора да ги спречиме поделбите, ние мора да се сослушаме и да се разбереме. Не велам дека треба да се сложите со оној со спротивен став, различна религиска или етничка припадност, но мора да се разберете. Мора да се ПОЧИТУВАТЕ! Јас никогаш нема да ја признаам „северна“, но имам блиски луѓе кои гласаа на референдумот и кои и денеска мислат дека тоа е правиот пат. Шансата да се сложиме на таа тема, не постои, но почитта кон различниот став секогаш постои. Аргументите, секако се на моја страна (најмногу заради референдумот), но тоа не значи дека ќе го сменам моето мислење за нив, дека ќе престанам да ги сакам или ценам. Истово се однесува на секоја разлика во општеството. Јас никогаш не сум имал проблем испровоциран од меѓуетничка или меѓурелигиска разлика, но решението е повторно истото. Дискусија, разбирање на другиот и почит како на еднаков на себе. Време е да ги закопаме „воените секири“ и да им покажаме на политичарите дека напразно не делат. Во спротивно, титулите на Вардар, Шкендија, Работнички, Пелистер, Победа, Гостивар....ќе бидат само бројки во светот на омраза во кој живееме.

За крај порака до КОМИТИ: Дечки, ајде вие први! Покажете дека сте големи, дека ги заслужувате името што го носите и боите на дресот што го љубите. Без, „клети“, без „чиста Македонија“, без „гасни комори“. Не велам дека вие сте единствените виновници, но вие сте единствените ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ! Промента мора некаде да почне, а јас можам да го побарам тоа само од вас.

Автор: Пацифист

Фотките од „црно бело“ Скопје

Од секогаш ме фасцинирале фотографии од старо Скопје и животот во него. Да можам, уште денеска би се вратил во тоа време да го почуствувам градот пред земјотресот. Да ја почуствувам СФРЈ во изградба, корзото, чаршијата... Не ме фацинираат само слики од Скопје од тоа време. Слично дејство врз мене имаат такви фотографии и од САД и било кој поголем град во светот. Црно белите фотки, можеби лажно, на некој начин ме тераат да поверувам дека во тоа време животот бил многу поедноставен и посреќен.

Влијание на мојата перцепција имаат и позитивните приказни од тоа време, но човек како човек, по 50 години ги помни само позитивните работи. Затоа и не сум сигурен дали навистина тогаш било полесно и посреќно. Она што со сигурност го знам е дека ние денеска живееме во најлудото време запишано во историјата. Ги разочаравме сите режисери и сценаристи кои 21 век на филмското платно го преставуваа како еутопија и невиден технолошки развој. Напредна медицина и речиси безсмртни луѓе. Технологијата се движи напред, но далеку сме од замисленото. Самиот податок дека нафтата е сеуште главен изор за енергија, доволно кажува. Да и медицината е напредната, но лек за рак или СИДА не е ниту близу. За еутопија и да не зборувам. Но, ова не најголемиот проблем. Најголемиот проблем е свеста на човештвото и намерното уништување на планетава, како да имаме уште неколку резерви.

За само еден месец, огромен пожар на Сибир и КАТАСТРОФА во Бразил и прашумите на Амазон. Горат белите дробови на планетава! Не е доволно што секоја година шумата драстично се намалува, затоа што индустријата ги јаде дрвата, туку сега изгоре територија речиси колку цела Европа! На интернет се појавија и видеа, на кои се гледа како пожарот намерно се зголемува со помош на хеликоптери кои ги дораспалуваат дрвата. Дали тие видеа се оригинални или монтажа, никој не може да ви каже со сигурност. До таму сме со технологијата и медиумите, до таму е свеста. Не дека порано светот не се соочувал со катастрофи, имало и светски војни, но барем се знаело кој е на страната на доброто, а кој на страната на злото. Ние не само што ги изгубивме тие вредности во денешницата, туку заборавивме дури и кој бил злобниот во минатото. Лани на прославата за победа над нацизмот, на фотографијата ја има и Меркел! Американците со години го слават геноцидот на стотици милиони Индијанци, а празникот го вилаат „Thanks giving“. Такава пародија ретко се гледа, но никој не ја осудува. Пред 10тина дена амерканскиот претседател побара да го купи Гренланд од Данска, а по одбивањето ја одложи својата посета на европската држава! 21 век, најмоќната држава во светот сака да си купи огромен осторв од Данска и никој тоа не го осудува! Нема никакви последици по Трамп! НИКАКВИ! Вчера, кралицата на Британија по барање на премиерот реши да го распушти парламентот за тој да може на свој начин да ја изнесе државата од Европската Унија. Да, референдум имаше и народот (излажан или не) гласаше за излез од унијата, но да го распуштиш парламентот, од кој и ти (премиерот) црпиш легитимитет, за да донесеш одлука САМ, е се, само демократија НЕ!

За кај нас, не ми се ни пишува. Поминаа 45 дена од денот кога Катица Јанева си даде или не си даде оставка, а Боки13 беше уапсен. Аферата „Рекет“ го собра целото внимание на јавноста, но јас немам ништо посебно да кажам. Пишав еднаш и толку. Не гледам причина да пишувам дека „специјалната“ била лош избор, тоа го знаев од првиот ден. Да пишувам дека Боки 13 е преварант, дека владата на Заев и цело СДСМ имаат синдром на Богови. Нема потреба! Сите кои релано ги гледале работите ова го знаат одамна, а оние кои верувале дека Заев е спасот за Македонија и дека „животот ќе дојде, за сите“, со тие не можам, ниту сакам да се разберам. Отсуството на капацитет, намерната неинформиранот, личната корист и омрзата направи добар дел од народот во Македонија слеп.  Мал дел сега наводно прогледуваат, но поголемиот се уште слепо го следи лидерот од струмичко Муртино. Лажгото кој упорно најавува војна против оние кои „лажат“. Педерот (како карактерна особина), кој се бори против педерите (карактерна особина). Жалосна е оваа слика во малава ни држава! Чувството на тага не ми го предизвикува Заев, ниту Јанева, Мицкоски, Груевски.... туку народот. Народот кој упорно се противи да ја преземе одговорноста и правото на владеење. Народот што не сака да биде народ, туку толпа на злоупотребени индивидуи. Да избор има, но држава не се гради со Твитер војна, ФБ коментари и јавувања во емисија на ТВ! Никој досега ниту изградил држава на тој начин, ниту ја одбранил. Нема ни ние.

Убави се тие црно бели фотки од старо Скопје. Зрачат со спокој и сплотеност на народот. Потсетуваат на општество со јасно дефинирани општествени норми и правила. Потсетуваат на едно време во кое било гордост да си Македонец. Наследник на Делчев, Кирил и Методиј, на Самоил, Александар.... Денеска има многу бои, но црвената и жолтата го губат сјајот. Оваа генерација ја губи својата битка кај нас и секаде во светот.

Автор: Пацифист

Зоран: Заев е пед*р!

„Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и нека ми извини ЛГБТ заедницата, и еден педер, да ја симнат Владата од власт. Не!“, рече синоќа премиерот Заев пред камерите и македонската јавност.

Подоцна на Твитер се дообјасни:

- Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност.

ОК, има две опции.

1. Премиерот лаже и се правда, иако потајно е хомофоб. Во прилог на оваа опција оди неговото извинување до ЛГБТ пред да го употреби зборот „педер“. Тука нема што да се анализира, освен можеби едно прашање: Од каде Заев ја знае сексуалната определеснот на Боки13? Како и да е,  „Едно општество за сите“ било само ПР фраза, а битката за фотељи вистината за „револуцијата“. 

2. Навистина го употребил зборот „педер“ со улично, скопско значење. Заев не е скопјанец, но еве нека е така.

Јас сум роден и цел живот го жиевам во Скопје и го имам употребувано зборот „педер“ како карактерна особина. Како веќе „зрел“ скопјанец можам да му објаснам на премиерот, ако му треба објаснување, што подразбира таа карактерна особина.

„Педер“ во Скопје се употребува за личност која игра двојна игра. Педер е (обично машко) лице кое ти се прави другар, а зад грб и се пушта на девојката која ти се допаѓа. Педер е лик кој не те вика во кафана, поготово кога има интересно женско друштво. Кој те остава на цедило коа ти треба. Педер е лик кој го интересира само својот ќар и својата агенда, но тоа јавно не го искажува, туку глуми фин момак. Исто така, педер е човек кој избира претседател на собрание на нелегален и незаконски начин и до ден денеска не ги прикажува стенографите од таа „седница“. Педер е лик кој ти ветува дека нема да смени име, ако дојде на власт, а одма го мења спроти вољата на граѓаните искажана на референдум. Педер е лик кој лаже дека не постои „Тиранска платформа“, а ги исполнува сите нејзини точки. Педер е лице кое се колне во бетониран идентитет, а менува историја по мерак на соседи. Педер е лик кој празнува Илинден, ама не го кажува името на државата. Педер е човек кој секогаш ја бара вината кај другите, додека се извинува од срце зошто бил искористен. Педер е човек кој не чувствува вина, ниту срам, кога цел свет му се смее. Педер е премиер кој лаже дека народот го донел на власт, иако не победил на парламентарни избори! Педер е човек кој не сака да си оди од власт и ја срами цела држава, само за да си тера свој кеиф... Мислам дека доволно добро објаснив, иако да бидам искрен можам уште долго да набројувам.

Ако, премиерот во овој контекст го употребил зборот „педер“, тогаш ја погодил сржта на значењето во карактерна смисла. Добро што не спомна име, затоа што ќе требаше да каже: Заев е педер!(во карактерна смисла)

Во тој случај следнава изјава има повеќе смисла:

„Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и нека ми извини ЛГБТ заедницата, и еден педер, да ја симнат Владата од власт. Не!“, бидејќи ДА, Заев е тој што ја руши својата влада.

Не е Боки13. Што може сам јаден Боки? Не е ниту Катица Јанева, таа нема капацитет да смисли нешто вака големо како „Рекет“. На сите ни е веќе јасно дека во аферата има умешано високи владини преставници, судии, истакнати членови на СДСМ. Заев морал да знае за сето ова и да реагира на време, а не сега да се вади дека тој бил првиот што го пријавил случајот во ЈО. Секако усно, за да нема доказ дека тоа се случило!

Пред неколку дена пишував колумна во која Заев го означив како „политички мртов“, вчерашниот ден само го потврди тоа. Изјаваата на премиерот, доаѓа по телефонскиот разговор со Јоханес Хан, а неговата нервоза јасно укажува дека што и да зборувале, го извадило од баланс. Во само неколку минути, Зоки нападна „некој“ новинар (односно го нарече суетен), некого нарече „педер“, а однесувањето на Катица Јанева го нарече „Идиотско“. Конечно и Заев сфати дека од Рекет и сите претходни афери, враќање нема. Нема начин што дава барем ронка надеж дека СДСМ ќе остане на власт. Прашање е само кога ќе има избори, а мојата проценка е дека тоа ќе се случи многу порано од желбите на премиерот или некаде во Април 2020 година.

До конечниот пад на оваа влада скандалите ќе се редат како на филмска лента, а народот редовно ќе биде шокиран. Некогаш „шарените револуционери“ полека ќе ја напуштаат позицијата на СДСМ и Заев. Веќе читаме и слушаме колку се дел од нив изненадени, па дури и запрепастени. Таков ефект врз мене Заев нема и не може да има. Мене лик кој за себе изјави дека Бог го црпнал од нива од Муртино за да ја води Македонија, не може да ме изненади! Уште тогаш знаев дека е „педер“(во карактерна смисла на зборот).

Автор: Пацифист

Ставот изразен во текстот е на авторот и не мора да се совпаѓаат со ставовите на редакцијата на Засе.мк.

Катица Јанева - „Богињата“ која сите ја напуштија!

Девети месец 2016 година:

Ова не е прв текст за обвинителката, но десега никогаш не сум и се обратил. Не сум чувствувал потреба, ниту капацитет од другата страна да го разбере следново. ДАЈ СИ ОСТАВКА!!! СЈО ќе најде нова обвинителка и ќе продолжи по истиот пат и без тебе. Неуставно, исполитизирано, со подршка од навивачка група „Шарени“. Ништо нема да се смени, освен твојот и животот на твоите деца. Верувај, на подобро.

Седми месец 2019 година, Катица Јанева ме послуша и си даде оставка. Односно излажа дека си даде оставка, затоа што ја поднесе само усно. Дури и да беше вистинска оставка, задоцнета е!

Осми месец 2019 година, фрштат бомби за случајот „Рекет“, а Јанева е блиску да се најде од другата страна на обвинителен акт. Тој момент ќе дојде, само прашање е дали прво ќе падне владата на Заев или таа! Со себе, најверојатно ќе го повлече и својот син.

Искрено, кога го пишував текстот во 2016 година, не мислев дека Јанева волку ќе заглави. Уште помалку дека во целата алчност ќе го вмеша и сопствениот син, но од друга страна, само две работи се вечни на овој свет...

Уште од самото појавување на Јанева и нејзиното застанување на СЈО, институцијата од која голем дел граѓани очекуваа правда (не и јас), се увиде дека станува збор за човек со капацитет за берење детелинки. Специјалната освен што не знаеше да склопи проширена реченица, во неколку наврати не увери дека не знае ни да чита! Мене не ми беа чудни шестките во нејзиниот индекс, туку како воопшто дипломирала?! Еве уште не ми е јасно! Нејзиниот избор беше намерен. Не се бираше способна личност, туку послушник! Но, оние кои ја одбраа, заборавија на еден многу важен детал. Нема ништо страшно во ограничен (да не речам глупав) човек, но многу е страшно кога таков лик ќе добие речиси неограничена власт! Нема да помине долго пред да помисли дека е БОГ! Поготово, ако до него се појави ликче како Боки13. Уште еден ограничен лик, но со џетсетерски, мегаломански, криминални идеи! И ете, се случи! Катица поверува дека е богиња! Недопирлива! Несопирлива! Но...

Далеку дека Македонија е држава, т.е. дека има функционале правен систем, но дури и нашиов систем има некакви лимити. Еве и да ги нема, СЈО не беше македонски проект, туку странска идеја. Сега странците нема да дозволат ваков срам и одговорност мора да има и ќе има.

Иако, од досега презентираните видое и аудио бомби од италијанскиот новинар (како ли стигнаа кај него?) нема докази за директна вмешаност на Јанева во изнуда на пари преку Боки 13, реакциите на засегнатите јасно укажуваат дека Катица е оставена сама на себе. При почетокот на истрагата, на денот на (наводната) оставка на Јанева, на пресконференција на СЈО, Ленче Ристеска јасно укажа дека СЈО не е Јанева и со тоа се огради од својата шефица. Денеска Стефанова отиде и подалеку, па кажа дека Катица барала укинување на притворот, враќање на пасошот на Камчев и само парична казна за сите обвинети во Империја. Обвинителката од СЈО јавно, на сајтот на институцијата соопшти дека таа не се сложила со Јанева, но дека шефицата си терала по свое. Ова укажува на две работи. Прво, дека Катица била вмешана во изнудата на милиони и воторо, дека СЈО нема да се обиде да ја штити!

Јанева пак, во своето соопштение вели дека „Рекет“ е монтиран случај за неа поради најновите истраги отворени во СЈО:

- Во тие истраги се осомничени и се надевам дека ќе бидат обвинети многу поранешни и сегашни функционери во власта и значајни личности во партиите,  па од таму е јасно зошто некој со сите сили и со невидена медиумска хајка се обидува да го загрози мојот и кредибилитетот на СЈО како и на сите други обвинители, а со тоа се обидува да ги уништи кривичните предмети  кои се водат во обвинителството.

Обидувајќи да се „исчисти“ пред јавноста, Катица всушност им се закани на сите политичари. Оваа пракса Катица ја има уште од доаѓање на позицијата, но само кон ВМРО ДПМНЕ, а сега истата ја примени и врз СДСМ. Доказ дека специјалната е оставена сама! Колку нејзините закани се опасни за Заев и дружината, ќе дознаеме најдоцна до Октомври, но и премиерот нема некој избор. Ако рекет не се расчисти, Македонија нема никакви шасни за датум за преговори во ЕУ (оној истиот што го добивме лани де), а без датум Заев е завршен политичар. Доколку пак Рекет се расчисти, СДСМ нема да постои, и повторно Заев е завршен политичар. Всушност, за Заев приказната заршува исто,  без разлика што и да се одлучи. Тој веќе не е премиер и никогаш нема да биде, само не знам дали некој му кажал.

Катица од друга страна, веројатно сеуште има избор. Не да ја спаси својата позиција, ниту парите кои веројатно ги изнудила. Не може да ја зачува ни својата слобода, но верувам дека може да го спаси својот син од затворска казна. За да се случи ова, треба да престане да се сонча и масира во Грција, да си дојде во Македонија и на пресконференција да каже СЕ! Дали ќе го направи тоа? НЕ! Зошто? Недостаток од капацитет!

Автор: Пацифист

Популарно