Од денеска може да се аплицира за субвенции за електрични тротинети и велосипеди

 Градот Скопје денеска распиша два јавни повици: Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година  и Јавен повик за купување велосипеди во 2019 година.

Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат нов електричен тротинет купен во Македонија, од 1 јануари 2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30 ноември 2019 година.

Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен".

– За учество на Јавниот повик барателот до Град Скопје треба да достави: барање за субвенција за купување на еден електричен тротинет (барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk), доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, фотокопија од трансакциска сметка на барателот, изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на електричен тротинет од Град Скопје, оригинал фискална сметка издадена во Македонија, со датум од 01.01.2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30 ноември 2019 година, соопштуват од прес-службата на Град Скопје.

Од таму информираат дека едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден електричен тротинет и заедно со потребната документација да се доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул.„Илинден" бр.82, секој работен ден од 9 до 15 часот.

Целиот јавен повик може да се види на следната интернет врска – www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен Повик тротинети.pdf

Со вториот Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година, се предвидени субвенции за граѓаните кои имаат купено нови велосипеди од 27 мај 2019 година и ќе трае се до исцрпувањето на буџетот наменет за јавниот повик, или не подоцна од 30 ноември 2019 година.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, а јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен".

Барателот треба да ги исполни следниве услови: барање за субвенција за купување на еден велосипед (барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk), доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, фотокопија од трансакциска сметка на барателот, изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед од Град Скопје, оригинал фискална сметка издадена во  Македонија, со датум од 27 мај 2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30 ноември 2019 година.

Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик да се доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул. „Илинден" бр.82, секој работен ден од 09 до 15 часот.

Целиот јавен повик граѓаните можат да се види на следната интернет врска – www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен Повик Велосипеди 2019.pdf

Од Град Скопје потсетуваат дека минатата година, кога за првпат даваше субвенции за електрични тротинети биле пристигнати 117 барања за субвенции, додека ова е втор јавен повик за субвенции за купување на велосипеди во 2019 година, а во првиот повик пристигнале 3.472 барања за субвенци. 

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

(Видео) Како беше извршен филмскиот грабежот на маркет во Црниче?

На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Популарно