Тамара најави концерти во Шпанија, Германија и Данска

Нашата овогодинешна преставничка на Евросонг,Тамара Тодевска,  заминува на европска турнеја. Таа веќе ги најави првите три концерти кои ќе се случуваат во Шпанија, Данска и Германија.

На 5-ти октовмри таа ќе настапи во Мадрид, Шпанија, на втори ноември во Архус, Данска, а пак на 30-ти ноември во Келн, Германија.

-Многу сум возбудена што ќе настапувам во Мадрид, Архус и Келн оваа есен. Едвај чекам да ве видам. Наскоро со повеќе информации – порача Тодевска на својата официјална страница.

Тамара неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако при интонирање на химната ги изостави стиховите во кои се спомнуваат Гоце Делчев, Гули и Сандански.

Набргу потоа се извини и појасни дека се работи за ненамерен пропуст, но поради бурните реакции во јавноста го откажа концертот во Охрид и настапот на ,,Пивофест” во Прилеп, кој требаше да се случи на 20-ти јули, во сабота.

На нејзиното место на манифестацијата ќе настапат „Нокаут”.

Бранка Соврлиќ: „Џабе ми е шо имам милиони, кога немам деца“

Српската пејачка Бранка Соврлиќ која има 65 години за време на својата кариера стекнала големо богатство, но искрено признава дека жали за тоа што не се остварила како мајка.

Бранка и нејзиниот сопруг поседуваат неколку луксузни станови во Белград и Сараево, како и ресторан, но материјалниот статус не може да им ја надомести тагата поради тоа што немаат деца.

„Паја, односно Садик Пашиќ, мојот сопруг и јас, стекнавме многу. Без лажна скромностт, ние сме милионери, но би сакала да имам многу помалку, а Бог, односно таа виша сила, судбината, да ни подареше деца, односно барем едно дете. Вака некој би рекол џабе ни е се. Едноставно немавме среќа во совршениот брак со многу љубов и разбирање да станеме и родители. Бог изгледа не дава се“, раскажала пејачката.

Бранка, инаку својот сопруг го запознала на еден од своите настапи.

ФОТО: Денес е најсреќниот ден во животот на Цеца

Вељко Ражнатовиќ денеска го прославува својот роденден, а прва која му честиташе беше неговата сестра Анастасија Ражнатовиќ. Имено денеска синот на Цеца полни 23 години, а по тој повод прва се огласи неговата сестра Анастасија.

-Среќен роденден на најдобриот и најсаканиот брат на целиот свет, напиша младата пејачка која сподели фотографија од младите денови на нејзиниот брат.

Инаку младиот боксер во моментов е далеку од дома каде е на натпревар каде очекува да се врати со победа дома.

ФОТО: Здравко Чолиќ после 52 години го признал синот

Иако на Евровизија во дамнешната 1973 година со песната “Гори ватра“, евровизиските фанови од цел свет и понатаму внимателно ја следат работата на Здравко Чолиќ.

Сега на социјалните мрежи се појавила урнебесна споредба, каде што некој напишал текст каде што Чола после 50. и повеќе години решил да го признае синот.

- Здравко се до својата 52 година, никогаш не го признал пеачот Амра Казиќ Лео. Оваа тајна сите овие години била криена од него. Но после се, сепак се одлучил на некои медиуми да им признае дека Амир е негов син. Многупати се зборувало како Лео го имитира Здравко Чолиќ, и дека слично пее како него. Сепак истите медиуму признале дека тој не го имитирал, туку дека тој е ист Чола.

Амир Лео, роден е во Сански Мост, 17 октомври, каде што одел во КУД Грмеч. а со пеење почнал да се занимава во средно училиште

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Dobar vam daaaan #brtonigla #istria #istrien #croatien #croatia

A post shared by Amir Kazić Leo Official (@amirkazicleo) on

Популарно