По вистинската есен следува ГОЛЕМ скок на температурите

По вистинската есен која вчера ја услови влажниот бран кој зафати најголем дел од државава и услови врнежи од дожд, од денеска па во следните денови температурите на воздухот ќе бележат тенденција на значителен и брз пораст па така на повеќе места истите ќе се искачат до околу 30 степени, во централните и во југоисточните предели и тоа особено за време на викендот истите се очекува да се искачат до околу 35 степени што значи дека и покрај големиот скор на температурите сепак нема да имаме некој екстремно високи температури на воздухот.

Времето ќе биде сончево со умерена облачност додека од петок па натаму повторно во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, не се исклучува можноста повремено и за локална појава на град.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Денеска не очекува променливо и облачно време

Денеска не очекува променливо облачно време, проследено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежи ќе преминуваат во снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура во текот на ноќта  се движеше во интервал помеѓу -2 и 6, а  дневната ќе се движи  во интервал  од 1 до 9 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната температура до 6 степени.

Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег

Денеска не очекува претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег особено попладне. Во текот на ноќта кон среда врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а кон крајот на денот повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура од 12 степени треба да биде измерена во Гевгелија и во Дојран, во Скопје 8 и во Охрид – 7, Битола 8…

Сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер

Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините. Преку денот ќе биде сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Преку ноќта од запад ќе се прошири облачност и ќе започне повремен дожд, на планините снег.  Максималната температура од 17 степени треба да биде измерена во Гевгелија и во Дојран, во Скопје и во Охрид – 12, Битола и Штип – 11…

Од утре температурата благо ќе опадне, а времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а на некои плании и со снег. Утре и в четврток максималната температура се очекува да достигне до 12, а в среда до 9 степени.

Популарно