Еве што имало на телефонот на Катица Јанева

Со кого се слушнала Катица Јанева пред да и го одзemат телефонот и дали имало обид да се пppиведе и таа во понеделникот? Од Јавното обвинитeeлство велат дека се уште се работи на вeeштачењето на нејзиниот телефон, но и дека не се точни пишувањата дека имало налог за приведyвaњe на Јанева. До обвинитeeлството упативме и прашања

ТВ21 – Дали е веќе извршено вeeштачење на телефонот на Катица Јанева?

ОЈО – Не, се уште не извршено вeeштачењето.

ТВ21 – Дали се пронајдени разговори на Јанева со Боки 13?

ОЈО – Тоа во овој момент не може да се потврди од причина што тие дејствија се во тек, од кои што треба да се утврдат повеќе факти

ТВ21- Каде се јавила Јанева пред да и го земат телефонот?

ОЈО – Се уште не е утврдено, се уште се работи

ТВ21 – Дали постојат видео снимка на која се гледа како Боки 13 е на состанок со сведокот од овој случај и потоа телефонски и се јавува на Јанева и ја вклучува и неа во разговорот со сведokот?

ОЈО – Обвинитeeлството може само да потврди дека поседува видео снимки, но за содржината не можат да се споделат детали.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција на новинарско прашање дали Јанева во понеделникот пред да и го одзemат телефонот разговарала со поранешен висок дипломат и висок функционер од Владата, рече дека тој не се слушнал со Јанева.

„Може да прочитаме се и сеште. Јас можам да кажам за себе дека не сум се слушнал со Катица Јанева. Јавното обвинитeeлство рече дека е отидено во нејзиниот дом е земен само телефонот не е правен претpeс за да видат дали постои конекција односно докази за нејзина инволвиpaност или coучесништво со првоocомничениот или е навистина само злoyпотребена во оваа работа“, изјави Зоран Заев – премиер.

Пендаровски се заблагодари и на албански до американскиот Сенат

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, упати благодарност до Сенатот на САД за ратификацијата на протоколот за членство на нашата земја во НАТО.

„Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност“, објави шефот на државата.

Пендаровски истото до Вашингтон го напиша и на албански и англиски јазик.

Инаку, вчера „ЗА“ гласаа 84 сенатори, а само двајца сенатори, еден од Јута и еден од Кентаки, се изјасниле негативно, додека не гласале 14.

Европскиот парламент денеска ќе и се извинува на Македонија

Европскиот Парламент денеска во Стразбур повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија, а дебатата ќе се одржи попладнево.

Денеска на дневен ред на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која ќе се изјасни дека Скопје и Тирана треба да ги започнат пристапните преговори со Унијата.

Вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не успеа да постигне консензус на последниот самит, пред сѐ поради противењето на Франција.

Предвидено е ЕП да изрази жалење поради одлуката на земјите членки да го блокираат стартот на преговори со двете земји. Во верзијата на Социјалдемократската група се критикува „улогата на претседателот на Франција и други земји членки во овој поглед”.

Пратениците се очекува да им посочат на земјите членки дека Советот треба да понесе одговорност за одлуката, да се однесува согласно сопствените заложби и да се држи до принципот на сопствени заслуги во оценувањето на земјите кандидати.

Предложените амандмани предвидуваат да ја поздрават „одлучноста на Северна Македонија да продолжи да напредува во реформската ЕУ агенда” како и силно да ја пофали „позитивна дипломатија на Северна Македонија”, посебно во однос на билатералните договори со Грција и Бугарија. 

За ова прашање се очекува повторно да се разговара во Рим во ноември, а одлуката да биде преиспитана следната година во мај на Самитот во Загреб.

Заев: Јас сум првиот што сака Груевски да ја одлежи казната

Премиерот Зоран Заев вечерва во гостувањето на ТВ24 истакна дека во моментот кога Груевски избегал бил слободен човек.

„Човек што е слободен, во секоја земја може да ја напушти државата. Тогаш се истражува, не сега. Човекот фатил границата кон Албанија и во тој момент бил слободен. Јас сум првиот што сака Груевски да си ја одлежи казната за пример дека има казна“, рече Заев.

Популарно