ФОТО: Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ чека второ дете

Пејачот Алекса Перовиќ кој се прослави со учеството на „X Фактор“, а потоа победи и во „Ѕвездите на Гранд“, наскоро ќе стане татко на своето второ дете.

Имено, тој и неговата сопруга чекаат да им се роди втората ќерка. На нивната среќа немало крај, а убавите вести Алекса ги сподели на друштвените мрежи.

„Моите три принцези“, напиша пејачот во опис на фотографијата која ја објави со ќерката и бремената сопруга.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Moje tri princeze! ❤️ 📸 : @hylaaa

A post shared by Aleksa Perović (@aleksaperovic) on

Рада Манојловиќ раскажа за нејзиното најлошо пијанство

Пејачката Радмила Манојловиќ раскажа како се случило нејзиното најлошо пијанство. Тоа било во една прилика кога направила хаос во лет за Америка кога се напила и заспала во тоалет.

Таа откри дека имала голем страв од летање кој се обидела да го победи со алкохол. Имено, Рада раскажа случка која се случила пред неколку години кога заедно со колегите од „Ѕвездите на Гранд“ имаше турнеја во Америка.

„Морав да се напијам за да го преживеам тој долг лет. Неколку пејачи од Гранд летавме за Америка, а еден од нив ме советуваше да се опуштам со алкохол. И јас го послушав, земав две шишиња со вино и ги испив на празен желудник“ раскажува пејачката и додава:

„Отидов во тоалет, се заклучив и заспав. Настана хаос. Стујардесите удираа по вратата, но не можеа да ме разбудат. Три часа поминав во тоалет, додека не дојдов на себе. Ми беше срам кога излегов од толаетот и сите патници гледаа во мене. „Ѕвездите на Гранд“ кои беа со мене ми рекоа дека сум ги посрамотила. Најмногу ме критикуваше Милан Станковиќ. Не можам да верувам дека  се напив над 10 000 метри. Тоа ми се случи еднаш и никогаш повеќе“ вели Манојловиќ.

Таа додава дека не пие алкохол освен кога оди во родниот крај, па пие од ракијата на нејзиниот татко.

ФОТО: Македонската пејачка објави фотографија од детството

Македонската пејачка, која остави најголем впечаток на почетокот на нејзината кариера во српското музичко шоу „Пинкови ѕвездички“, денес и тоа како е успешна и во Македонија и во Србија.

Деновиве таа објави фотографија од себеси како дете.

Во опис на фотографијата напиша: „Погодете кој е?“. и даде фановите да одберат помеѓу одговорите „јас“ или „дефинитивно јас“.

Станува збор за пејачката Антониа Гиговска, која изминатиов период е актуелна и по тоа што ја обелодени врската со пејачот Иван од „Либеро бенд“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

off to bulgaria💛

A post shared by Antonia Gigovska (@antoniagigovskaa) on

ФОТО: Татјана Стојановска го прослави својот роденден

Македонската презентерка Татјана Стојановска го прослави својот 45. роденден, а фотографии од прославата сподели и на сцоијалните мрежи.

Роденденот Стојановска го прослави во друштво на пријателите во скопски ресторан со музика во живо, забавување и пеење.

Погледнете:

Популарно