Ешли Грем во средата на Инстаграм откри дека е бремена, а вчера сподели голи селфи фотографии.
Таа е биг-сајз модел и таа никогаш не се срамела од своите облини, а сега покажа и дел од градите, рацете, половината, стомакот, задникот и колковите, а притоа воопшто не ги сокри своите стрии, туку целта и беше да ги нагласи несовршеностите.
-Исто, но малку различно, напиша Грем покрај фотографијата која сите фанови ја дочекаа со воодушевување бидејќи не беше фотошопирана.