Потресна фотографија од првиот училишен ден на едно дете

Хрвоје е татко на момче со посебни потреби кое  го започна своето школување во прво одделение во основното училиште Богослав Шулек во Славонски Брод.

Тој  објави на својот ФБ профил  емотивен статус и потресна фотографија од првиот училишен ден на својот син, на фотографијата детето седи и плаче.

Бидејќи момчето е со посебни потреби, требало да добие помошник во наставата. Но, тоа не се случило, бидејќи според зборовите на таткото помошникот бил на обука. Козмус навел дека наведениот помошник работи со три деца.

„Училиште на иднината. Мојот син со посебни потреби (од спектарот аутизам) седи пред училиштето и го чека помошникот за настава. Помошникот го нема. Никој ништо не сакаше да ни каже, иако бевме во училиштето. Денес дознавме дека нема помошник, бидејќи тој бил на обука. Еден помошник на три деца. Навистина „прекрасно“. Ви благодарам за „прекрасниот прв училишен ден“ – напиша во објавата изреволтираниот татко.

Фото. Прилепските џудисти го развеа Македонското знаме

Членовите на Џудо клуб “Бушидо” по трет пат  учествуваа на Меѓународниот џудо турнир “Трофеј Пантера 2019” во Бјелина, Република Српска.

На овој  меѓународен турнир учествуваа околу 800 такмичари,  а Прилепчани успеаа да освојат 17 медали.

Oва се освојувачите на медали:

– Сара Атанасоска 1 место; Теодора Ристеска 1 место; Елена Малиноска 1 место; Елеонора Илиоска 1 место; Матеј Малиноски 2 место; Сара Јанеска 3 место; Илчо Малиноски 3 место; Теона Ѓоргиоска 3 место; Стефани Илиеска 3 место; Филип Попоски 3 место; Милена Божиноска 3 место; Христијан Здравески 3 место; Давид Мицески 3 место; Матеа Илиеска 3 место; Филип Стојкоски 3 место; Анастасија Мицеска 3 место; Стефан Талески 3 место.

Град Скопје „лови“со дрон

 Инспекторите на град Скопје  при вонреден инспекциски надзор со дрон, реализираа снимање на територијата на општината Сарај.  На сниимката било  забележано лице кое врши спалување на органски материјал. Со помош на дронот е направена снимка од процесот на спалување на отпадот, инспекторите го идентификуваа лицето и против него ќе биде поднесена пријава.

Сторен е прекршок по член 24 а и казнив по член 139 став 1.4 од Законот за управување со отпад. Казната за овој прекршок изнесува 1.000 евра.

Од градот информираат дека дронот ќе биде секојдневно ангажиран за снимање на теренот и за откривање на загадувачите на воздухот.

-На дронот има и камера за ноќно снимање, па со него ќе се вршат прелети и во текот на ноќта за лоцирање на критичните точки кои предизвикуваат загадување. Инспекторите се континуирано на терен, организирани во дежурства, и ја следат состојбата со загадувачите на животната средина. Потсетуваме дека сите земјоделци од скопските општини може да се пријават на телефонскиот број 071 395 395 и на вработените во град Скопје да им ги остават своите податоци секој работен ден од 8 до 20 часот, а градот по претходно утврден план и редослед, реонски, бесплатно ќе го собере нивниот растителен отпад и ќе го одложи во „Дрисла“.

Оваа активност е дел од заложбата за спречување на палењето на стрништата и на растителниот отпад од нивите, а со цел заштита на воздухот од загадување“, се вели во информацијата од град Скопје.

Владата е свесна дека не може да се живее со 200 евра

Вицепремиерот Кочо Анѓушев во своето гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма  истакна „ Ние како држава мораме да покажеме дека сакаме да ги заштитиме и семејствата во пониска класа што земаат помали плати“.

-Во секоја земја е дефинирана минималната плата. Минатата недела имавме средби со стопанските комори. Засега се уште немаме дефинирано вредност. Следниот период ќе имаме интензивни средби на кои што ќе разговараме се со цел да се најде заедничко решени и тоа нема да биде избрзана одлука. Да бидеме искрени, едно семјество не може да живее со 200 евра месечни примања и двајца да работат. Во сите држави минималната плата е да ги заштити најранливите категории, изјави Анѓушев.

Според претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, минималната плата е на ниско ниво, а во време кога се спорведуваат мини даночни реформи, ново зголемување може да направи дисторзија на пазарот на труд

-Мора да се направи анализа по сектори и да се види каде може да има зголемување. Сите сакаат да ја зголемат, но мора многу фактори да се земат предвид при утврдување на вредноста на минималната плата, истакна Арсовска

Популарно