Претежно облачно време

Денеска времето  претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе биде посвежо и ветровито со умерен до засилен северен ветер.Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, претпладне умерено облачно, во текот на денот сончево и ветровито со повремено засилен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 21 степен.За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе бидат околу нула степени. Во вторник се очекуваат нови врнежи од дожд

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Денеска не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 22 степена.

Според УХМР, до среда ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утре и во вторник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од четврток се очекува постабилно и значително потопло време.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во земјава променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 17 до 25 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 22 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повеќе врнежи ќе има во недела.

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска не очекува променливо облачно  време со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 13, а дневната од  17 до 24 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Популарно