Прегазен пешак на патот Крива Паланка - Куманово

Вчера во 15.40 часот на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.И.(60) од с.Борово, удрило во пешакот С.А.(67) од с.Градец, кривопаланечко.

Во незгодата, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.55 часот починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.

Познатиот актер Дани Ајело почина на 87-годишна возраст по кусо боледување

Познатиот актер Дани Ајело, кој секогаш ќе биде запаметен по филмовите „Кум“, „Леон: професионалец“, ,,Беше еднаш во Америка “,„ Направи го вистинското нешто “ почина на 87-годишна возраст по кусо боледување.

Според ТМЗ, Ајело одеднаш се разболел и починал веднаш откако неговото семејство го посетило во раните утрински часови. Оваа тажна вест ја потврдија и членовите на семејството. Се претпоставува дека починал од инфекција.

Зад себе ја остави сопруга Сенди, со која беше во брак од 1955 година и три деца. Тој стана познат по улогите во „Направи го вистинското нешто“ и „Кум 3“ во кој глуми Тони Розати, чиј лик е познат по неговата легендарна реченица „Мајкл Корлеоне вели здраво“.

За неговата улога во филмот „Направи го вистинското нешто“, тој беше номиниран за Оскар за најдобар актер.

Ајело глумеше и на Бродвеј и има пејачка кариера. Има издадено неколку музички албуми, меѓу кои и „Live from Atlantic City“ во 2008 година.

Обвинителството истражува дали девојче во Гостивар се самоубило поради врски со секта

Се истражува дали самоубиството на 13-годишно девојче од Гостивар е поврзано со секта.

Девојчето од Гостивар пред неполн месец се самоуби, но од обвинителството информираат дека случајот не е затворен, туку се истражува дали девојчето било дел од некоја секта, затоа што дел од доказите укажувале на тоа.

Безживотното тело беше пронајдено во нејзиниот дом на 25 ноември. 

„Иако првичните сознанија непосредно по настанот упатуваа дека се работи за случај на самоубиство, сепак поради определени индиции, истрагата продолжува со испитување на мотивите кои биле причина за смртта. Имено, веднаш по настанот, дежурен јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче. При обдукцијата првично беше констатирано дека починатата на себе има и други повреди кои би можеле да упатуваат на нејзина припадност кон секта“, стои во соопштението. 

Јавниот обвинител дополнително издаде наредба за токсиколошки испитувања и за анализа на биолошки материјал, како и наредба за вештачење на телефонот и на комуникацијата преку социјални мрежи на починатото лице. Дополнително, Основното јавно обвинителство Гостивар побара од МВР да изврши проверки и споредба со евентуално слични случаи во државата или надвор од неа, како и да изврши разговори со семејството, пријателите и соучениците на починатата девојка, како и со наставниот кадар во училиштето, соопштуваат од обвинителството.

Трагедија: Почина Јана Арсовска храбрата охриѓанка за која се собираа средства

Јана Арсовска не издржа. Почина храбрата охриѓанка за која се собираа средства за лекување во Барселона, Повеќе од два месеци се собраа половината од потребните за лекувањето на Јана Арсовска на клиниката во Барселона. Јана пред скоро време беше во Солун во приватна клиника која понуди опции за третирање на ретката и опасна болест кои се финансиски беа поповолни од клиниката во Барселона.

Инаку спорот околу незаконското одбивање на ФЗО за лекување на Јана се уште е во Вишиот управен суд, каде дојде откако по одлуката на Управниот суд случајот на Јана да биде повторно разгледуван, Фондот за здравствено осигурување скандалозно и нечовечки се спротистави на оваа одлука и реши да поднесе жалба.

Јана веќе петта година се бореше со еден премногу редок вид на канцер. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 МИЛИОНИ луѓе. После дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која и беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување.

Лекарите од клиниката во Флензбург препорачаа ИТНА имунотерапија за Јана. Но, поради реткоста на болеста, во Македонија ниту најстручните лица не знаеја премногу за истата и за протоколите за лекување, па и покрај итните назнаки од Германската клиника, објаснувањето со луѓето од ФЗО околу оправданоста на барањето за поддршка поради докажаните резултати од имунотерапијата одеше со… побавно темпо. За разлика од темпото со кое ваквите болести обично дејствуваат во организмот на еден човек.

Тимот на ЗаСе.мк изразува искрено сочуство до семејството на Јана

Нека почива во мир!

Популарно