Фото: Тој заработува 100 евра од вечер

Машкиот стриптиз  е нешто измеѓу професија и хоби..

Работата низ годините му се зголемува, бидејќи како што вели  соговорникот нема конкуренција. „Кога влегов во оваа работа, имаше поголем број на мажи кои играат стриптиз. Со текот на годините кој се отселил, кој се откажал. Во последните пет години речиси и да немам конкуренција,“ вели стриптизерот со кој што разговаравме. Цената за настап не е зголемена и таа останува иста, 100 евра за вечер. Нашиот соговорник вели дека таа можеби треба да се зголеми, но кога се гледаат приходите на македонските граѓани е сосема пристојна сума кога ќе се подели помеѓу повеќе луѓе. Бакшиш понекогаш има, а некогаш не, а највисоката сума која добил до сега е 250 евра од вечер.

Најчесто го викаат на момински вечери, родендени, забави за испраќање во странство, но и за пензионирање. Но, последните години стриптиз-забавата се прави и без некаков повод.

Најчесто го наоѓаат преку  ФБ  или преку препораки, бидејќи како што вели, најдобрата реклама е самиот настап, како и добрите препораки од пријатели или од луѓе пред кои настапувал.

Во оваа приказна влегол сосема случајно. Неколку недели се спремал за првиот настап, гледал видеа и вежбал, но вели дека едно е кога гледаш а сосема друго кога треба да настапиш. На почетокот настапувал еднаш на два-три месеци, сега неофицијалната сезона е од март до октомври. Рекордот во настапи му е пет за една вечер, а вообичаено има три до четири настапи за викенд.

За да биде згоден и да изгледа допадливо вежба три пати во неделата. Вели дека од многу работи треба да се откажеш и многу треба да се внимава. Навидум е едноставно, но во суштина не е така.

„Јас сум љубител на боемски живот, на кафана но треба да внимавам колку јадам и што пијам затоа што секое запоставување може да направи стомак. Непрофесионално е да отидеш на настап и да не изгледаш добро. Настапот ќе се истера, но никој нема да те препорача. Љубител сум на сончањето летно време, но не можам да си го дозволам тоа бидејќи на настап не можам да отидам изгорен. Треба да биде убаво за око, бидејќи некој те плаќа,“ вели нашиот соговорник.

Секој настап, додава, е приказна сам за себе. Каква ќе биде забавата зависи од него но и од девојките кои го ангажираат. Главно има кореографија на негови песни, но нема против дококолку сакаат различна музика.Настапот трае 20-на минути и според него нема потреба од повеќе, бидејќи целта е да се „убие“ монотонијата, да се додаде нешто ново.

„Колку е пократко, толку е послатко. Да се памти, “ вели тој.

Најмногу ќе го памти настапот за роденденот на Биг Мама, пред седум години кога се нафатил да настапува во улога на полицаец, а настапот бил договорен во кафуле во Стара Чаршија.

„Пред секој настап пијам една или две пијачки за да се опуштам и загреам. Облечен како полицаец пиев виски пред настапот на терасата на кафулето. Во тој момент поминаа двајца полицајци.  Ме поздравија со здраво колега, им возвратив, ама се обидов да им објаснам дека не сме колеги. Почнаа да ме легитимираат. Во меѓувреме им се јавив на организаторите на забавата да излезат од кафулето. Не ме казнија, но убаво ми кажаа дека кога ќе имам настап, надвор да бидам облечен во цивилна облека“, раскажува тој.

Ќе го памети и настапот во Прилеп кога прв пат настапил во ресторан каде што биле присутни 150 жени, без да знае дека треба да игра во толку голем простор, пред толкав број. На настап на брод во Охрид се почувствувал дека има спасувачка мисија, бидејќи фатило невреме, па сфатил дека има мисија да ги спаси девојките за да не паднат од брод.

Најчесто настапува како Зоро, но го бараат и како полицаец, војник и доктор.

За овој пазар ќе каже дека не се поминуваат границите во стриптизерството и за време на настапите, и се е во рамките на нормалното однесување.

„Свесен сум дека годините поминуваат и дека понатаму ќе ми треба сериозна работа. Но исто така можам да кажам дека и луѓе на 40 години изгледаат подобро од 20-годишни и можат слободно да играат како стриптизери“, вели тој.

<p>За успех во оваа професија ја смета комбинација од тоа добро да танцуваш и да имаш добро тело.</p>

<p>„Оваа професија ја сфаќав како хоби се до оној момент кога ми се јавија родители од Куманово, за јас како Дедо Мраз да дојдам кај друштвото на нивната ќерка и да ја изненадам. Имав и други слуачи кога бев ангажиран од родители, но во последно време, ме ангажираат и сопрузи за нивните сопруги, или пак момчиња за девојките“, додава тој.</p>

<p>Неговите девојки немаат проблем со неговата работа и секогаш од нив имал само поддршка, а многу пати го препорачувале на нивно друштво.

Ова се двата најинтелигентни хороскопски знаци

Без разлика дали сте авторитетен Овен или грижлив Рак, секој хороскопски знак има свои најпривлечни квалитети. Овие астролошки читања можат да предвидат сè, од вашата романтична компатибилност до вашето здравје.

Но, кога станува збор за интелигенција, кој знак го презеде тронот?

Имено, Водолијата и Скорпијата се најпаметните хороскопски знаци, велат астролозите, но поради две сосема различни причини.

Луѓето родени во знакот Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со когнитивните способности и коефициентот на интелигенција.

Скорпиите, од друга страна, имаат попребирлив ум; тие се најдобри во реалното оценување и разбирање на светот како целина.

Тоа не значи дека другите знаци не се интелигентни на свој начин. Всушност, Близнаците и Вагата имаат и многу когнитивни способности, додека Ракот и Рибите се емотивно најинтелигентни; со други зборови, тие се одлични во препознавање и судење на сопствените и туѓите чувства.

Од друга страна, земјените знаци Бик, Девица и Јарец покажуваат практична интелигенција, а огнените знаци Овен, Лав и Стрелец имаат тенденција да бидат најинтуитивни, што ги прави повеќе склони кон ризик.

Ова се три хороскопски знаци кои се вистински нарциси

Хороскопот открива многу за нашиот карактер.

Тој ги открива нашите добри и лоши страни. Сите се сакаме себеси и понекогаш сакаме да бидеме во центарот на вниманието, но постојат три знаци кои се вистински нарциси.

Овен

Овните се познати по својата импулсивност, упорност и желба за внимание. Тие се способни да направат драма од ништо и не само што не им е важно како ќе изгледа тоа во вашите очи, туку и се полни со себе кога тоа ќе се случи. Сакаат да бидат доживеани како храбри и единствени и веруваат дека се многу подобри од останатите. Никој не знае ништо подобро од нив.

Лав

Родените во овој знак се познати по својата драматична природа и потреба за внимание. Тие живеат за моментите кога се во центар на вниманието и тогаш се чувствуваат како ѕвезди. Нивната самоувереност често се изразува како нарцисоидност бидејќи тие сакаат да зборуваат за својот успех, но и тоа колку се сакани и ценети.

Стрелец

Стрелците се познати по својата независност и спонтаност. Ја сакаат слободата и сметаат дека не мораат за ништо да им се објаснуваат на другите. Но, нивната постојана желба за авантура може да направи да сметаат дека само нивните искуства се важни и дека со самото тоа тие се подобри од другите кои не живеат на ист начин. 

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога станува збор за работата. Ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Можни се проблеми поврзани со кашлица.

БИК

Заземете еден одреден став и борете се за него до крај. Не ја расфрлајте својата енергија на споредни цели. Ако сакате промени многу е важно да му покажете на партнерот во која насока размислувате. Чувствителен предел на градниот кош.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате стабилна ситуација на работно поле. Имате можност да дојде до добра соработка. Доколку сте слободни, може да се надевате на ново познанство. Денот е поволен и за зафатените. Водете сметка за исхраната.

РАК

Доколку се пред вас нови случувања подгответе многу енергија за промени. Нема да биде лесно. Ве очекува можност да влезете во љубовна врска со личност кон која имате одредени симпатии. Можни се проблеми со притисокот.

ЛАВ

Финансиската ситуација може да биде позитивна ако се потрудите да донесете правилни одлуки. Сакате да му ги покажете на вашиот партнер своите искрени емоции. Време е вашата врска да напредува. Поволен период за почеток на диета.

ДЕВИЦА

Можно е потпишување на договор. Разгледајте ги сите ставки пред да се одлучите на таков чекор. Сакате да направите промени на ова поле и многу ви е важно саканата личност да размислува во тој правец. Избегнувајте цигари.

ВАГА

Слушајте ја својата интуиција и потрудете се да се посветите на работата максимално. Време е да се насочите кон нови работни задачи. Ова не е поволен ден, ве очекува разочарување поврзано со нова личност во вашиот живот. Можни се проблеми со нервниот систем.

ШКОРПИЈА

Обидете се да одржите стабилна состојба на работно поле. Дајте си време да научите нови тајни на својот занат. Имате впечаток дека партнерот е ладен кон вас. Можно е да дојде до прекинување на врската. Склони сте кон депресија.

СТРЕЛЕЦ

Не е поволен ден за вас на работно поле. Може да очекувате некои компликации. Ви се отвора можност да ја освоите личноста кон која имате емоции уште од минатото. Внимавајте на црниот дроб и панкреасот.

ЈАРЕЦ

Можно е да се трудите да дојде до промени, но сѐ уште не можете да успеете во тоа. Покажете малку трпение. Се појавуваат нови проблеми помеѓу вас и саканата личност и не ви е лесно да се носите со нив. Потребна ви е масажа.

ВОДОЛИЈА

Размислувате за започнување нов бизнис но како сѐ уште да не сте подготвени за тој чекор. Доаѓате до контакт со личност која ќе посака сериозна врска. Дали сте подготвени да и го овозможите тоа? Здравствената состојба е сѐ подобра.

РИБИ

Ви се нуди можност за напредување и секако треба да ја искористите шансата. Ви изгледа дека партнерот не се поставил фер кон вас и тоа не ви се допаѓа. Можни се проблеми со забите.

Популарно