ЛУДАК НА ДЕНОТ: "Цел живот тренирав за ова, јас на полиција не застанувам, ако треба пукајте"

По прогласувањето на полициски час во Македонија се појави и ваква објава на социјалните мрежи. Извесен "El Deliquente" порача дека цел живот тренирал за ова и дека нема да го почитува полицискиот час, ако треба нека пукале во него.

*Редакцијата на zase.mk апелира до сите граѓани да се придржуваат до мерките за да побрзо се спречи ширењето на вирусот. #СедетеДома

ФОТО: Жена во Краљево има спектакуларна заштита од коронавирусот

Ведриот српски дух однесе победа над псеимизмот, па Интернет корисниците во Србија решиле времето да си го пополнат со бројни досетки и шеги врзани со епидемијата и вонредната состојба.

Завчера, главна тема на интернет во Србија беше жена од Краљево, која по тамошните улици се прошета во пригодно издание за оваа ситуација.

Таа се прекрила со зелено ќесе, додека на лицето ставила гас маска. Така отишла до пекара и до продавница, а оваа глетка ги засмеала нејзините сограѓани, па набрзо и цела Србија.

ВИДЕО: Пензионерка во Белград „уловена“ на улица за време на полициски час

Како што знаеме, во целиот свет владее епидемијата на коронавирусот, а многу од државите ширум светот веќе прогласија вонредна состојба...

Во Србија воведена е вонредна состојба и посебни мерки за заштита на граѓаните. Една од нив е и таа според која на лицата постари од 65 години во градските средини и на лицата постари од 70 години во руралните средини целосно им е забранет излез од нивните домови.

Сепак, една баба била ‘уловена’ надвор од својот дом, во центарот на Белград, но набрзо ја сопрела полиција. На една од многубројните снимки кои што постојано се појавуваат на социјалните мрежи, а поврзани со вонредната состојба во земјите, го слушаме полицаецот како ја прашува бабата зошто е надвор сред вонредна состојба?

„Еве, си одам дома. Бев на час по англиски кај мојата пријателка која што има слободно време“ – изјавила бабата чие име е Оливера.

Погледнете го видеото:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Koja ste vi laž? Mi smo "bila sam na času engleskog" 🤣🚨 #ostanikodkuće

A post shared by Dnevna doza policijskog časa (@policijski_cas) on

ВИДЕО: Италијанскиот свештеник одржа миса на Фејсбук па..

Италијанскиот свештеник, Паоло Лонго, одлучи да одржи миса за сите верници кои се заробени во своите домови поради коронавирусот, а како поинаку освен преку лајфстрим на Фејсбук.

Меѓутоа, свештеникот не можел ниту да претпостави дека неговата миса така слатко ќе ги насмее луѓето од целиот свет.

На свештеникот по грешка му се вклучиле филтерите на Фејсбук, па така тој, од робот, се претвораше во мачка, тренер, амиш…

Како изгледаше „маскирањето“ на овој свештеник во живо, погледнете…

Популарно