ВИДЕО: Погледнете со која брзина може да преземете содржини на 5г-мрежа

Според најавите на операторите, 5Г би требало да овозможи масовно вмрежување на интернетот, да ги трансформира животите и работата на луѓето и да стане темел на развиените паметни дигитални општества.

Иако комерцијалната употреба на светско ниво треба да почне во 2020 година, некои големи компании како „Т-Мобиле“, „Водафон“ и кинескиот и корејски „Телеком“ веќе имаа пробни лансирања на технологијата во многу земји, од Кина преку САД, до Германија и Хрватска. Во Јужна Кореја уште од декември 2018 година сите оператори истовремено покренале 5Г.

Во САД, „Веризон“ овозможи пристап на 5Г-мрежа на неколку локации и ги повика технолошките новинари да ја пробаат. Џорџ Коронеос на „Твитер“ ја објави тест-брзината на 5Г-мрежата на новиот „самсунг галакси С10“, а снимката стана вирална. Брзината на преземање содржина од 1.098 мегабајти во секунда воодушеви многумина.

Така, на 5Г-мрежа може да се преземе филм во висока резолуција за само неколку секунди. И резултатите на другите беа импресивни.

- Три теста на 1+ гигабајти во секунда, еден на 650, еден на 643 - објави репортерката Џесика Долкорт.

Извор: Факултети.мк

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно