Вработување во КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО, ЧАГАТАЈ КАБЛО, КАМНИК!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава истиот ден.

Моментално вработува:

ДОСТАВУВАЧИ
ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕР
СПРЕМАЧ НА ПРАТКИ - ПИКЕР

Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КИ ВО КАВАДАРЦИ
ПРОДАВАЧИ/КИ ВО ТЕТОВО
ПРОДАВАЧ/КИ ВО ГОСТИВАР

СофтНЕТ е регионален давател на телекомуникациски услуги во приватна сопственост основан во 1996 година. Следејќи ја својата политика на ширење во Југоисточна Европа, СофтНЕТ ја изгради најнапредната IP мрежа и отвори канцеларии во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Бугарија, Романија и Кина каде што има врвни тимови на професионалци.

Моментално вработува:

МРЕЖЕН ИНЖЕНЕР

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни работни позиции во ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

КБ Прво пензиско друштво произлезе од реформите во пензискиот систем во Република Северна Македонија и негова основна дејност е управување со пензиските фондови.

Моментално вработува:

JAVA EE DEVELOPER - ORACLE SQL DEVELOPER

Чагатај Кабло е основана во 1998 година и започна со производство и снабдување со кабелски и електрични системи за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

„Гранд – Експорт“ е основана во 1992 година во Скопје и на пазарот во Република Северна Македонија и во регионот на Југоисточна Европа етаблирана како брзорастечка приватна компанија. Формирана е и раководена од професионалци со истакнато искуство и знаења во трговијата и дистрибуцијата.

Моментално вработува:

МАШИНСКИ И ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВО ПРОИЗВОДСТВО
ПАКУВАЧ ВО ПРОИЗВОДСТВО
ОПЕРАТОР НА МАШИНА ВО ПРОИЗВОДСТВО

Хотел „Hunter’s Lodge Kamnik” е место каде ќе најдете професионална услуга и пријатен амбиент.

Моментално вработува:

РЕЦЕПЦИОНЕР/КА
ХАУСМАЈТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност денеска на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото

(Видео) Топки град колку човечка тупаница, торнадо направи хаос во Кина

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу.

Новинската агенција Ксинхуа јави дека во невремето се повредени уште 33 лица.

„Ова беше како Армагедон“, коментира еден жител. Град со големина на тупаница паѓал и ги пробил покривите.

Според очевидци, градот убил и некои домашни животни.

Според официјалните податоци, невремето оштетило 141 фабричка зграда, но ниту една станбена зграда не е уништена. Според Ксинхуа, спасувачката работа е веќе во голема мера завршена.

По торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од повеќе од 20 метри во секунда (72 км/ч).

Пред само една недела, обилните дождови ги зафатија Гуангжу и околната провинција Гуангдонг, при што загинаа најмалку четири лица и беа принудени да се евакуираат повеќе од 100.000 жители.

Гуангжу има над 18 милиони жители. Главниот град на провинцијата е еден од најважните економски центри во Кина.

СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг

Социјалистичката партија на Македонија цени дека обидите на СДС и ДУИ да го прогласат првиот изборен круг на претседателските избори како да не постои е безобразен и срамен начин за игнорирање на народната воља.

Од партијата велат дека предизборната кампања и реторика на власта е полна со црнила и клеветење на опозицијата со што сака да ја намали нејзината популарност кај народот.

-За среќа умниот народ ги прочита СДС и ДУИ и резултите од претседателските избори го потврдуваат тоа, ги поразија со пенкало и со силна воља за промени. Срамни се обидите на Ковачевски, Битиќи и сите околу нив да ги убедат граѓаните дека грешеле, ама може да се попраават, небаре Македонија е изборен експеримент каде овие лажговци може да си играат и да крадат. Медиумските платеници во функција на СДС и ДУИ настојуваат да прикажат секакви фактори на влијание за поразот, но не и лошите политики, криминалот и корупцијата на власта која бара доверба за да продолжат „како до сега“, со секакви манипулации да ја погазат народната воља, се вели во соопштението на партијата.

Популарно