Real tribute - Симфониски концерт на Тина Тарнер на 1 јуни во Скопје

Ексклузивниот концерт кој го има пропатувано речиси целиот свет, конечно и во Македонија!

Рок симфонијата "Simply the best" посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер, ќе биде изведена на 1 јуни во „Арена Борис Трајковски“ со повеќе од 40 луѓе на сцената.

Тина Тарнер беше славна по своите бурни, енергични сценски изведби и по моќниот вокал, често нарекувана кралица на рокенролот и музичар кој остави неизбришлива трага во светот на музиката, забавата и културата. Неисцрпна инспирација е за многумина, а нејзината важност се чувствува во генерациите кои доаѓаат.

Присутните ќе имаат можност да уживаат слушајќи ги највлијателните и најпознатите хитови како што се „Proud Mary“, „What’s Love got to do with It“, „Simply the best“, „We don’t need another hero“ и многу други. Добро познатите балади ќе ги разнежнат сите присутни, а брзите ритми ќе ги подигнат сите на нозе.

Рок симфонијата е посветена токму на неа, а на истата ќе се изведуваат и песни од бендови како „Gun's and roses“, „Deep purple“, „AC/DC“, како и познати дуети кои ја одбележаа светската кариера на Тина. На 1 јуни, публиката ќе има можност на еден поинаков начин да ја почувствува енергијата на легендарната Тина.

Тина Тарнер беше една од најголемите рок пејачки на сите времиња и така и ќе остане запомнета.

Сите оние кои сакаат да доживеат ноќ исполнета со многу енергија и страст, можат уште веднаш да ја купат својата влезница.

Влезниците се пуштени во продажба, а истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и Јк травел во Бисер.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Овој хороскопски знак ќе добие неочекуван повик

Овен

До крајот на денот поволни вести од странство во врска со патувањето. Партнерството е многу нестабилно, бидејќи не се трудите доволно на вашата врска. Здравјето е одлично.

Бик

Подгответе се за разговор со личност Овен која е многу важна за вашиот бизнис. Што се однесува до партнерскиот однос, внимавајте на зборовите што ги кажувате бидејќи вашиот партнер е многу чувствителен. Здравствената состојба е стабилна.

Близнаци

На вас останува да донесете важна одлука во врска со патувањето. До крајот на денот позитивни вести од личност која ви е многу важна во бизнисот. Што се однесува до здравјето, внимавајте на можните проблеми со нозете.

Рак

Денес ќе бидете под впечаток на минатото и спомени, што ќе ви предизвика чувство на носталгија. Во текот на денот внимавајте на вашето здравје бидејќи можни се проблеми со грлото и главоболката.

Лав

Денес слаба точка ви е кичмата, но и притисокот. Подгответе се да одморите малку повеќе и да работите помалку. Личност под знакот Јарец е одлична деловна поддршка за вас.

Девица

Ќе имате ненадеен повик од лице од странство поврзано со деловната страна. Партнерството е многу добро и ве прави среќни. Внимавајте на исхраната и одморете повеќе.

Вага

Денес е совршен ден да завршите се што имате за да можете да се одморите во мир во текот на следните денови. До крајот на денот можни се поволни вести од странство во врска со член на семејството.

Шкорпија

Во наредниот период ве очекува многу работа, а денес обидете се подобро да се организирате на тоа поле. Здравствената состојба е непроменета. Обидете се да бидете повеќе внимателни на вашите емоции.

Стрелец

Почнувајќи од утрото ќе имате многу обврски со членовите на семејството, особено со некој постар член од семејството. Бидете свои, особено кога станува збор за деловна ситуација. Проблем со притисокот.

Јарец

Најважниот дел е работата и во текот на денот ќе се трудите да бидете најефикасни. Ве очекува многу поволен глас во однос на заработката и можноста за напредување на работа. Ќе имате важен состанок со личност под знакот Вага.

Водолија

Ова е идеален период да се посветите, особено кога се во прашање љубовните и емотивните врски. Односот со членовите на семејството е постабилен, но сепак сте притиснати од нивните проблеми. Здравствената состојба е многу добра.

Риби

Во текот на денешниот ден ќе бидете многу отворени за другите, особено кога станува збор за односот со пријателите и партнерот. Деловната ситуација ве загрижува, но ќе биде стабилна во наредниот период.

Популарно