Давкова пред Пендаровски, Таравари и Османи во тесна трка

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на Претседателските избори.

„На прашањето за кој кандидат би гласале на претседателските избори граѓаните со одговор: За кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова би гласале 20,4% од испитаниците, а за нејзинот главен конкурент актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ својот глас би го дале 16,8% од анкетираните.

Во албанскиот политички блок Арбен Таравари од коалицијата „ВРЕДИ“ според направената анкета води пред Бујар Османи од европскиот фронт предводен од ДУИ.

Па така за Таравари би гласале 7,9% од испитаниците, за Османи пак 6,9% од анкетираните. За Максим Димитриевски од ЗНАМ пак својот глас би го дале 2,7 % од анкетираните, додека за Билјана Ванковска од Левица би гласале 2,6% од испитаниците. За

Kандидатот Стевчо Јакимовски од ГРОМ би гласале 1,2% од анкетираните. 18,2% одговориле дека нема за никого да гласаат, а 23,2% не дале никаков одговор“, стои во анкетата спроведена од ЦРПЦ.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Тинејџер тешко повреден, со автомобил удрил во паркирано возило

На 30.04.2024 во 17.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на локалниот пат с.Ерџелија-с.Мустафино, патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Мустафино, светиниколско, удрило во паркирано возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Пронајдено 5-годишното девојче кое исчезна во парк Сарај

Пронајдено 5-годишното девојче кое исчезна во парк Сарај.

Од МВР информираа дека денеска околу 16:20 во паркот Сарај во Скопје исчезнало девојче на возраст од 5 години, а исчезнувањето во полиција го пријавила нејзина возрасна роднина.

Девојчето имало руса долга коса собрана во репче, облечена во розев фустан и розеви кондурчиња со чорапи.

Два часа подоцна поточно во 18:15 на ул.1 во Сарај поточно пред ТЦ-Сарај, од страна на случаен минувач пронајдено е исчезнатото дете Асија Халими.

Петгодишно девојче исчезна во Скопје околу 16 часот

МВР информира дека денеска околу 16:20 во паркот Сарај во Скопје е исчезнато девојче на возраст од пет години, а исчезнувањето во полиција го пријавила нејзина возрасна роднина.

Девојчето има руса долга коса собрана во репче, облечена во розев фустан и розеви кондурчиња со чорапи.

Екипи на полицијата го пребаруваат теренот.

Популарно