(ФОТО) Први соседи на Иванка Трамп: Семејството Обама започна да се сели од Белата Куќа во замок вреден 5 милиони долари

Семејството Обама започна да се сели во својата нова куќа во Њујорк, откако официјално месецов истекува претседателскиот мандат на Барак Обама.

Претседателската куќа во која ќе се всели семејството Обама (Барак, Мишел, и двете ќерки Саша и Малија) се проценува во вредност од над 5,5 милиони долари, а е во форма на замок.

Семејството освен што во моментов ја реновира вилата, започна и со градење на огромен ѕид се со цел да ја заштитат својата приватност во домот и дворот. Ќуќата и покрај тоа што е на самата улица ќе има безбедносни камери и чувари во текот на 24 часа.

Овој луксузен дом е изграден во 1928-та година, а има девет спални соби и осум бањи, а се наоѓа во близина на луксузната вила на ќерката на идниот претседател на САД Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џедер Кушнер.

(ВИДЕО) Мигрант-џепчија во Берлин фатен на дело

Еден од многуте мигранти кои се згрижини во Германија беше уловен од страна на случајни минувачи како во еден момент ја става раката во џебот на жената која чекаше ред пред него и на момент и го одзема нејзиниот мобилен телефон.

Вака изгледаше целиот настан

(ВИДЕО) Бомба во руско училиште, загина еден студент

Еден ученик загина, а најмалку 11 се повредени во експлозија во една училница во основното училиште во руската република Дагестан. Тројца од повредените ученици се во критична состојба, соопшти локалната болница за РИА Новости.

Бомбата експлодираше во компјутерска сала, изјави директорот на училиштето Шамил Aбакаров.

“Според потврдени информации, експлодирала рачна граната во компјутерската сала на гимназијата. Бомбата ја донел еден од учениците”, изјави портпаролот на локалното Министерството за внатрешни работи.Таа експлодирала поради неправилно ракување.

АП објави дека полицијата го уапсила тинејџерот кој ја донел бомбата, и дека најмалку тројца тинејџери се на интензивна нега. Полицијата вп Дагестан настанот го окарактеризира како несреќа, иако околностите на експлозијата не се сосема јасни.

(ФОТО) Повторно уништена ѕвездата на Доналд Трамп

Ѕвездата на американскиот претседател Доналд Трамп која што се наоѓа на Холивудската патека на славните е повторно  уништена. Овој пат, таа е вандализирана со тоа што на неа со перманентен маркер е напишано "Е*и се Трамп!"

Интересно е дека полицијата која што секојдневно патролира по улицата не забележала ништо.

Популарно