Граѓаните со порака до Заев: Доста ти бевме заложници, избори да има на 24-ти април

Изборите да се одржат на 24-ти април, без одложување и државата да биде ослободена од кризата која ја наметна СДСМ, бараат граѓаните.

zoran-zaev-komentarifb

Граѓаните не го кријат својот револт од однесувањето на опозицискиот лидер. Тие јавно му порачуваат дека нема да дозволат да бидат негови заложници и дека сакаат државата да оди напред, а не да живее во криза и конфликтност која ја креира СДСМ на чело со лидерот Заев.

Тие велат дека Заев не може да бега од избори и дека ако изборите не се одржат на 24-ти април, треба се она што беше договорено во Пржино да престане да важи. Преку социјалните мрежи, граѓаните велат дека ако Заев не сака избори, треба да бидат повлечени и техничките министри предложени од него, затоа што тој и онака не го почитува договорот од Пржино.

Граѓаните му порачуваат на Заев дека без избори не може да дојде на власт и дека тие нема да му дозволат да биде заобиколена нивната волја. Оценуваат дека политичарот е исплашен, но остро му порачуваат дека немаат никаква доверба во него.

fb-komentari-zaev2-640x305

На корисниците на социјалните мрежи им е преку глава од ваквото однесување на опозицискиот лидер. Го нарекуваат предавник и кукавица, а според нив СДСМ е издајничка партија.

fb-komentari-zaev3-640x485

Граѓаните знаат зошто треба да се одржат изборите на 24-ти април и велат дека ако тоа не се случи, следните парламентарни избори во земјава треба да бидат редовни, а не предвремени. Бараат Спасовски и Ременски да бидат повлечени затоа што на тоа место се поставени само поради договорот во Пржино. Поддржувачи на СДСМ, пак, бараат партијата да го смени својот лидер.

fb-komentari-zaev4-640x391

„Избори мора да има. Сакаме мир и стабилност. Доста губевме време“, му порачуваат граѓаните на Заев.

fb-komentari-zaev5-640x525fbkomentari-zaev6-640x591

Дали се подготвува приведување на Катица Јанева?

Има ли забрана Катица Јанева да ја напушти државата?!  Од медиумот „Република.мк“ побарале одговор од МВР дали навистина преку ова Министерство на сите гранични полициски сили им е испратена наредба која се однесува на лицето Катица Јанева на која стои знакот ,,S” или Стоп. Оттаму ниту ја потврдија ниту ја демантираа ваквата информација. Велат не се надлежни за изјава и за одговор не упатија во Основното Јавно обвинителство.

Дали доколку се обиде да ја напушти државата Јанева ќе биде приведена и однесена пред соодветните државни органи кои издале налог со знакот S одговор нема ни од ОЈО. Велат ваква информација може да даде само обвинителката Вилма Рускоска, до која ќе го препрателе нашето прашање.

Република“ очекува одговор од Рускоска дали веќе се подготвува обвинение против Катица Јанева, како и нејзини приведување, поради инволвираност во случајот „Рекет“ за кој веќе во триесетдневен притвор се наоѓаат Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Заев: За мене „Кики“ и „Фрики“ не постојат!

„Ние во нашиот систем немаме казни бесење и стрелање, најтешката казна е затворот. Тој што се огрешил, ќе си ја отслужи казната. Затоа треба да си го средиме системот“. Ова го истакна денес премиерот Зоран Заев.

Наместо сериозно да ги разгледа последните скандалозни случувања со барање рекет и тврдењата објавени од новинарот Бранко Героски, Заев одлучи да истакне дека „Кики“ и „Фрики“ не постојат. Дополнително, реши да им одржи лекција за работа на новинарите, односно да им каже како работат.

-Кога ќе ги соопштите со име и со презиме, јавно, за да можат да ве тужат, вас новинарите или слично, тогаш ќе разговараме за име и за презиме. Кики и Фрики за мене не постојат. Треба да ги соопштите заради тоа што кога е истражувачко новинарство, тоа е креативно, треба да носи со себе и храброст. Изволте, секој да го истакнете ако има сомневање. Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство, порача Заев.

Популарно