Карта: Од кои балкански земји ИСИЛ регрутира најмногу борци?

Изминатата година, повеќе од 500 доброволци од просторите на поранешна СФРЈ се приклучиле во редовите на Исламската држава (ИД) во Ирак и Сирија. Според најновото истражување кое го спровел Меѓународниот центар за студии на радикализам при Кралскиот колеџ во Лондон, од Македонија во редовите на Исламската држава заминале најмалку, односно 12 луѓе.

karta

Кога станува збор за земјите од регионот, Босна е убедливо најголем “извозник” на терористи, со оглед на тоа дека 330 луѓе станале дел од Исламската држава. Од Албанија се приклучиле 90 луѓе, од Србија околу 70, додека од Косово за Сирија и Ирак заминале околу 150 лица. На светско ниво, најголем број доброволци доаѓаат од Тунис, дури 3.000. Втора држава на листата, со 2.500 луѓе кои се приклучиле кон ИСИЛ, е Саудиска Арабија.

Податокот кој најмногу ја загрижува ЕУ, е дека петина од вкупниот број на доброволци доаѓаат од земјите на Западна Европа. Во тоа подрачје води Франција, од каде 1.200 државјани се приклучиле во редовите на Исламската држава во текот на минатата година. Западна Европа стравува од повратна реакција, односно потенцијални терористички напади кои би ги организирале нивни државјани по враќањето од бојното поле.

фото:Блиц.рс

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно