Ќе се формира нова Југославија

Балканска унија, регионален Бенелукс, православен сојуз, словенска алијанса, царинска унија, нова Југославија, западнобалканска шестка (Г-6) беа само дел од термините што изминатиов период беа користени во медиумите и во изјавите на светските и регионални политичари како можни имиња-термини што би се користеле доколку се формира некој иден регионален сојуз на држави од Балканот што би се интегрирале меѓу себе, слично на сегашната ЕУ или, пак, како некогашната СФРЈ.

Jugoslavija

Домашни политички аналитичари што ги следат овие случувања се согласни дека има многу добра причина зошто сѐ почесто во регионот се сретнуваат овие иницијативи, пишува НОВА МАКЕДОНИЈА.

Тие велат дека овие иницијативи за здружување се сѐ почести бидејќи Балканот се обидува да се европеизира себеси, а државите од регионот се обидуваат да ги спојат сите свои ресурси во заеднички блок, без разлика како ќе се вика и без разлика која формула на поврзување тој балкански блок ќе ја користи.

Аналитичарите подвлекуваат дека, генерално гледано, со исклучок на некои иницијативи што имаат негативен предзнак, на сите други регионални здружувања целта им била иста, а тоа е формирање цврста врска меѓу земјите, која ќе помогне во економијата, културата, политиката и безбедноста еднакво на сите граѓани на Балканот.

Првиот германски амбасадор во Македонија, Ханс-Лотар Штепан, во својата книга на тема поврзана за формирање балкански сојуз пишува дека идејата за градење на балканскиот сојуз не е нова работа туку тој се иницира од почетокот на минатиот век, а оттаму и мотивите за неговото основање, неговите цели се добро познати за сите што живеат во регионот. Авторот истакнува дека низ историјата балканското здружување на државите, иако било краткотрајно, било евидентно и можело да се препознае преку војните за ослободување од Турција, па здружувањата на балканските земји во Првата и Втората светска војна, па преку формирањето на Југославија, до сегашните иницијативи, кои треба да се сосема природни во денешницата и да не нѐ чудат.

Политичкиот аналитичар Милан Стефаноски во својата оцена за ваквите многубројни иницијативи вели дека најпрво мора да се направи анализа за да се разбере интересот на државите, пред сѐ на Македонија, а дури потоа да се почне да се размислува за евентуално приклучување кон нив.

Стефаноски вели дека не треба да нѐ зачудува што иницијативите за здружување доаѓаат од различни држави од регионот. Тој вели дека тоа не е желба за спојување на Балканот, туку апетит на локалните лидери својата земја пред суперсилите на Истокот и Западот да ја истакнат како лидер на Балканот.

- Дострелот во геополитиката на малите земји е многу лимитиран, па она што сега го прави Вучиќ, а пред него други државници од сличен профил, има за цел тие да успеат да се легитимираат како лидер на некаква група на Балканот, а автоматски со тоа нивното значење станува поголемо и во институциите како што се ЕУ и НАТО, кон кои се стремат и се нивната стратегиска определба – смета Стефаноски.

Тој вели дека здружувањето генерално е некорисно за Македонија, освен во делот на нашата економија и можеби спортот. Аналитичарот истакнува дека, гледано локално, за нас сѐ уште се свежи спомените од големоалбанската политика што се отслика во 2001-та, но и од живеењето во некогашната Југославија, па токму затоа треба да бидеме многу претпазливи. Низ историјата токму нашата држава била жртва на разни сојузи, чија единствена цел била поделба на нашата држава.

- Нашата земја изоди долг пат на нашата модерна историја по независноста во правец на нашиот евроатлантски пат, стратегиска определба и национална определба за сопствена држава, па токму поради тоа секое здружување во вакви сојузи и унии би значело газење на маката на државниците што во турбулентни времиња ја водеа Македонија до независноста од одредени центри на моќ – резимира тој.

Според Јордан Тасев, пак, слободната трговија на Балканот, развојот на културата и слободното движење за сите во регионот не се лоша идеја во никаква смисла на зборот.

- Доколку навистина би се реализирал ваков разумен договор на Балканот, тој би овозможил полиберализиран тек на економската размена, што ќе значи и пооптимално искористување на економските ресурси на сите во државата. Економски, ова е добра идеја – ќе се елиминираат многубројните нетрговски бариери и ќе се прошири пазарот. Генерално целта на сите балкански држави е да се дел од ЕУ и НАТО, па здружувањето во помали заедници за побргу да го изодиме тој пат за мене нема негативен предзнак – вели Тасев.

Целата статија прочитајте ја на Think.mk

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно