Од вечерва ОГРОМНО поскапување на бензинот и нафтата

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за три денари, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 64,50 ден, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 66,50 ден, а Екстра лесното масло за домаќинство за 40 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ-от ќе изнесува 51,50 денари, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 2,172 ден/кг и тој сега ќе се продава по цена од во однос на цена од 26,033 ден/кг.

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека новите цени на бензините се поради повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар и понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14 дневен период.

Оглас за работа: Плата 90.000 денари!

ОГЛАС ЗА РАБОТА: МЕНАЏЕР ЗА ДАНОЦИ

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки. 

Што е тоа што го бараме:

Универзитетска диплома, Економски факултет како минимум (даноци, сметководство и ревизија, финансиски менаџмент);

Сертификати поврзани со даноци ќе се сметаат за предност;

Сеопфатна и видна експертиза за даноци – минимум 5 години релевантно искуство со даноци (искуство во консултантски фирми „Big 4“ или интернационални компании „FMCG“ би се сметало за предност);

Експертиза во локална даночна регулатива;

Познавања интернационални даночни проблематики во мултинационална средина;

Силни сметководствени и аналитички способности;

Способност за решавање проблеми и квалитетно донесување одлуки;

Одлични комуникациски вештини и соработка;

Видлива желба за учење и професионален развој;

Одлични организациски и лидерски вештини;

Способност да се управува со повеќе задачи истовремено и нивно успешно извршување во зададени рокови;

Проактивност и отвореност за соработка како тимски играч;

Поседување структурни, доследни и ефективни работни методи;

Одлично познавање англиски јазик.

Краток опис на основните одговорности:

Одговорен за усогласеност со даночните закони и регулативи во сите области на бизнисот;

Менаџмент на промените и усогласувањата согласно легислативата;

Обезбедување усогласеност со интерните политики и процедури со даночните правила;

Одговорност за обезбедување знаење и експертиза на тимот;

Соработка со сите сектори интерно и обезбедување совети во врска со даноците како бизнис-партнер;

Соработка со даночни консултанти и проактивен менаџмент на областите за даноци;

Унапредување на соработката со даночните институции;

Континуирано оптимизирање на даноците паралелно со обезбедување усогласеност со даночните барања. 

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 8.00 до 16.00 часот.

Минимална основна бруто-плата за тоа работно место е 90.000 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 45 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Како да се аплицира:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

да пратат свое CV (кратка биографија) (англиски и македонски јазик) на следнава електронска адреса: [email protected], или по пошта на следнава адреса: Пивара Скопје AD, ул. 808, бр. 12, 1000 Скопје, со назнака: До Сектор за човечки ресурси, „Оглас – Менаџер за Даноци“, најдоцна до 11.7.2017 година.

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

 Активен до: 11.07.2017

Од денеска цената на струјата се намалува

Струјата од денеска ќе добие нова цена.

Од денеска цената на струјата се намалува за 0,25 проценти што значи дека граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за струја.

Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика на подготвителна седница.

Цената на електричната енергија беше намалена и минатата година од први јули.

Доаѓа нова валута која ќе ги засени еврото и доларот

Претседателот на Казакстан, Нурсултан Назарбаев предложи создавање на светска криптовалута како би се избегнале валутнит војни.

“Дојде време да се разгледа прашањето за воведување на меѓународна валута. Тоа ќе овозможи светот да се спаси од валутните војни, шпекулации, да се избегнат несогласувањата во трговските односи, намалување на нестабилноста на пазарот, изjави Назарбаев, пишува “Economist”.

Според него, оваа валута треба да се базира на едноставен механизам на емисија која ќе ја контролираат само нејзините потрошувачи.

“Имајки ја предвид дигитализацијата, развојот на нови технологии како што е блокчејн, може да се креира таква платна единица која ќе биде криптовалута. Важно е таа да не се базира на апстрактна доверба, туку за неа да се обезбеди конкретен имот, наведе Назарбаев”.
 

Популарно