ОФИЦИЈАЛНО: Ова се четворицата најбогати балканци!

Магазинот Форбс ја објави листата на најбогатите балкани. Во големата четворка се наоѓаат: Хрватот Ивица Тодориќ- сопственик на Агрокор,  српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ, Хрватот Емил Тедески и словенецот Санди Чешко, пишува Танјуг за најбогатите луѓе на Балканот

Untitled

Ивица Тодориќ -од цвеќар до најбогат човек на Балканот

Танјуг потсетува на почетоците на Тодориќ во производството на цвеќе, а потоа на овошје и зеленчук. Агрокор го основа во 1989 година, а најголем залет го доживеа за време на приватизацијата кога купи бројни компании. По купувањето на Меркатор, Агрокор стана најголем производител и продавач на храна во регионот, а Тодориќ ја зацврсти својата позиција како еден од најмоќен човек на Балканот.

Миодраг Костиќ – српскиот крал на шеќерот

Втор по богатството на Балканот со проценети 520 милиони евра, Миодраг Костиќ е српскиот крал на шеќерот. Исто како и Тодориќ се шири во сите сектори во економијата, па дури и во енергетиката. Неговата МК Група има 35 фирми.

Емил Тедески – нема диплома, но го разбира бизнисот

“Во средината на осумдесетите Тедески се бавел со музика. Роден е во Сплит, потомок е на трговец од Корчула и иако не завршил факултет , води силна компанија во Хрватска, пишува

Танјуг за првиот човек на Атлантик Груп. Тедески сопственик е и на кошаркарскиот Цедевита.

Санди Чешко - скромен милионер

Имотот на словенечкиот милионер Санди Чешко, сопственикот на Студио Модерна се проценува на 410, 6 милиони евра. Се претставува како скромен милионер кој нема јахна, дури ни секретарка. Парите воглавно ги заработува преку ТВ продажба на различни производи. Својот бизнис го започна со продажба на космодиск. Неговата Студио Модерна делува во повеќе од 20 земји, а седиштето на неговата компанија е во Холандија.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно