ОГЛАС за вработување во Триглав осигурување - Плата над 45.000 денари

ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ, ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА

logo-triglav

- MICROSOFT SQL SERVER DATABASE ADMINISTRATOR

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ

♦ ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ОД ИНФОРМАТИЧКА ИЛИ ДРУГА СООДВЕТНA НАСОКА;

♦ НАПРЕДНО ПОЗНАВАЊЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈА SQL Server;

♦ НАПРЕДНО ПОЗНАВАЊЕ И ИСКУСТВО ВО РАБОТА СО MS VISUAL STUDIO, C#, .NET И Т-SQL;

♦ ИСКУСТВО ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИ;

♦ ПОДГОТВЕНОСТ ЗА КОНТИНУИРАНО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ;

♦ НАПРЕДНО ПОЗНАВАЊЕ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК;

♦ МИНИМУМ 3 ГОДИНИ РАБОТНО ИСКУСТВО ВО СООДВЕТНАТА ОБЛАСТ;

♦ САМОИНИЦИЈАТИВА, ПОСВЕТЕНОСТ, ПРЕЦИЗНОСТ, ПРЕТПАЗЛИВОСТ, ОДГОВОРНОСТ, СПОСОБНОСТ ЗА АНАЛИТИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ;

♦ КОМУНИКАЦИСКИ СПОСОБНОСТИ, СПОСОБНОСТ ЗА ТИМСКА РАБОТА;

♦ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Б КАТЕГОРИЈА И ПОДГОТВЕНОСТ ЗА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА.

ПОЖЕЛНИ КВАЛИФИКАЦИИ

♦ СЕРТИФИКАТИ ОД СООДВЕТНАТА ОБЛАСТ (MCSA,MCSD);

♦ РЕФЕРЕНТНИ ПРОЕКТИ;

♦ ПОЗНАВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ ВО ОБЛАСТА НА ОСИГУРУВАЊЕ БИ СЕ СМЕТАЛО ЗА ПРЕДНОСТ.

НУДИМЕ

♦ ИНТЕРЕСНА И ДИНАМИЧНА РАБОТА, МОЖНОСТ ЗА ЛИЧЕН И СТРУЧЕН РАЗВОЈ;

♦ РАБОТА СО СОВРЕМЕНИ ТЕХНОЛОГИИ И НЕПРЕКИНАТО СТЕКНУВАЊЕ НОВИ ЗНАЕЊА;

♦ СОРАБОТКА НА ПРОЕКТИ ВО МЕЃУНАРОДНА ОКОЛИНА;

♦ СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ И ДООБРАЗУВАЊЕ, ПОСЕТА НА КУРСЕВИ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗНАЕЊЕТО КАКО И ПОСЕТА НА СТРУЧНИ СЕМИНАРИ ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО

♦ РАБОТНО МЕСТО ВО СЕДИШТЕТО НА ДРУШТВОТО ВО СКОПЈЕ.

ВАШИТЕ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ТРЕБА ЈАСНО ДА ПОКАЖАТ ЗОШТО ТОКМУ ВИЕ ОДГОВАРАТЕ ЗА ПОЗИЦИЈАТА ЗА КОЈА АПЛИЦИРАТЕ...

НЕТО ПЛАТА ЗА ОВАА ПОЗИЦИЈА ИЗНЕСУВА 45.000,00 МКД И ПОВЕЌЕ, ВО ЗАВИСНОСТ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА КАНДИДАТОТ.

КРАТКА БИОГРАФИЈА (CV), МОТИВАЦИСКО ПИСМО И ОСТАНАТИ ДОКУМЕНТИ (ПОТВРДИ, СЕРТИФИКАТИ И СТЕКНАТИ ЛИЦЕНЦИ) МОЖЕ ДА ИСПРАТИТЕ НА ПОДОЛУ НАВЕДЕНАТА АДРЕСА ИЛИ НА e-mail: [email protected] НЕ ПОДОЦНА ОД 10.12.2016 ГОДИНА.

САМО КАНДИДАТИТЕ ШТО ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО ПОТЕСНИОТ ИЗБОР ЌЕ БИДАТ ПОВИКАНИ НА ИНТЕРВЈУ. ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ЌЕ ЗАВРШИ ЗАКЛУЧНО СО 28.12.2016 28.12.2016 28.12.2016 ГОДИНА.

Ново поскапување на цигарите

Од денеска со нови цени се цигарите „Бос“, „Вест“, „Давидов“ и „Родео“. Сите видови на „Бос“ цигари се покачени за пет денари, „Вест“ меко исто така, „Давидов класик“ и „голд“, исто за пет денари, како и сите видови на цигари „Родео“.

Цигарите од брендот „Давидов шејп“ се покачени за 10 денари.

Сите брендови на цигари во земјава, според календарот е предвидено да поскапат за 4 денари од 1. јули. Неодамна пред овој поскапеа уште неколку брендови на цигари.

Од 1 јули 2016 до први јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за цигара секоја година.

Со ваквото покачување, до 2023 година се очекува кутија цигари да поскапи и за 40 денари.

Пет надоместоци што газдата мора да ви ги исплати

Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор.

Надоместок ви следува за следните трошоци:

1 Дневници за службени патувања во земјата (8% од основицата)

2 Дневници за службени патувања во странство во согланост со уредбата за издатоци за службен пат и селидби во странство

3 Теренски додаток доколку работите на терен (сместување, исхрана и слично)

4 Надомест за одвоен живот од семејството утврден во колективниот договор, но не помалку од 60% од основицата.

5 Ако користите сопствен автомобил ви следува надоместок од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат км

Законски надоместоци:

-Доколку се селите за потребите на работата, трошоците ги покрива работодавачот

-Регрес за годишен одмор или к-15 во висина од најмалку 40% од основицата

Покрај надоместоците наведени нагоре, на работникот му се исплатува надоместок и:

-Во случај на смрт на работникот, на неговото семејство се исплатува надоместок во висина од три основици

-Во случај на смрт на член на семејството, на работникот му се исплатува надоместок во висина од две основици

-Во случај на потешки последици од елементарна непогода, на работникот му следува надомест во висина од една основица

-За непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување на работникот му следува надоместок во висина на една основица

-За 10 години работа кај истиот работодавач, на работникот му се исплатува јубилејна награда во висина на основицата

-При заминување во пензија на работникот му следува најмалку двократен износ на основицата

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците е всушност просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија која е исплатена во последните 3 месеци.

Цените на горивата рушат рекорди!

РКЕ ја донесе новата одлука. Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,84%.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,00%. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,100 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 32,137 ден/кг. 

Популарно