Во српските медиуми осамна веста дека германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер поради својата љубов се почесто ќе биде во Белград. Бастијан Швајнштајгер купува стан во Белград заради својата девојка Ана Ивановиќ.
Капитенот на германската фудбалска репрезентација кој на почетокот на овој месец тајно престојуваше во Белград за да ужива со познатата тенисерка, реши да си обезбеди љубовно гнездо во кое во иднина ќе одмора далеку од очите на јавноста.