СУРОВА ИСПОВЕД НА СРБИНОТ КОЈ ЖИВЕЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА 20 ГОДИНИ – Ова е вистината за живот и работа во странство!

Дека ни оние кои живеат „преку границата“ не им е совршено покажува и исповедта на Србинот кој во Швајцарија живее 20 години, а кој при посетата на Белград на својот добар дел од пријателите им откри каков живот и работа таму навистина ги очекува. Во продолжение прочитајте ја исповедта на човекот кој не сакал да го открие својот идентитет.

srbija-svajcarska-2-620x350

„Ми дојде пријател од Женева. Го однесов на сладолед. Денеска во Белград можно е да изеде извонреден сладолед во пристоен амбиент со сосема солидно еспресо. Има 30 години. Не е оженет, во моментов нема девојка. Работи толку што нема сопствен живот.

Има доста работа, добро сако, нов ајфон и пристојна доза на незадоволство. Има толку пари што не го фаќа паника која ја имаат неговите врсници во Србија. Поради тоа што нема паника кај луѓето, сепак тоа им дава некаква живост, тој изгледа уморно и презаситено. Триесет години работа во строго уреден систем, никаков капитал и никакво емотивно потекло наречено семејство.

gastos

Живее во елитен кварт Колона во изнајмен стан. Тешко е таму да се има нешто свое. Сето тоа мора да го работи и трошиш. Додека работиш, можеш пристојно да живееш, кога ќе одиш во пензија бегаш од Швајцарија без оглед на се.

Има 30 години и 10 години работен стаж. Ретко кој овде може со тоа да се пофали. Викенди нема. Еден ден неделно му е слободен, и притоа тој ден постојано се менува. Работи за Нова Година и Божиќ. Кога ќе отиде во Србија, сите го гледаат како гастербајтер. Секоја негова мисла ја мерат низ швајцарските франци.

Најдобрите пријатели го гледаат како потенцијален инвеститор кој како “deus ex machina” ќе дојде и ќе го реши нивниот најголем деловен неуспех – невработеноста.

За девојките говорел излишно. Поранешните другарки се престари за него, а оние младите во негово присуство брзо заболуваат од спонзоруштвото и старлетизмот.

svajcarska-evri

И покрај безнадежната ситуација која ништо не ветува, мојот пријател ја скрши касичката прасенце и откако изброја 15.000 евра дојде во родниот Белград и ја обложи темел куќата. Покрај новата камен фасада подигна и ограда преку 2 метри и ја обложи со истиот тој камен. На моето прашање дали е многу попаметно да ги вложи парите (прашањето го формулирав со едно избезумно „зошто?“) ми одговори дека каменот е вечен.

Во Швајцарија каде шљакерите од Србија очигледно се ефемерни и неважни, еден Белграѓанин – Србин во најдобрите години и во екот на силата дава црно под ноктите за да може да ја обложи својата семејна куќа со „вечен“ камен. Целосно е јасна неговата потреба да ја сочува и конзервира куќата во која го проживеал безгрижното среќно детсво и која ја врзува за својот дом.

На моето прашање дали мешалицата за бетон која денонќно работи во дворот, тој ми дава изненадувачки одговор дека за него нема живот во Србија. Во декември конечно добива документи после 15 години. Станува Швајцарец кој се згрозува од Швајцарија и поранешен Србин кој не сака да се врати дома. Доста му е од се! Како Швајцарец ќе даде отказ и ќе отиде на биро. Ќе прима скромна социјална помош од 2000 евра. Со тие пари нема живот во прескапата Женева.

views_of_geneva

Драги мои, пола Швајцарија е на биро! Никој не работи и сите живеат на терет на социјална програ,а. Доаѓаат Албанци и Французи за да работат за ситно, додека вистинските Швајцарци се среќно невработени“, ми вели тој. Србија е убава за живот кога имаш пари, но животот надвор го направи „светски човек“, така да сега секаде се чувствува како странец. Тоа што би можело да го врати во татковината е единствено нова „мечка“.

Но, сепак има малку повеќе мозок, па го угуши во себе тој гастербајтерски сон. И комшијата и неговата крава цркнаа одамна за мојот пријател, така да сега нема на кого да се покаже што стекнал и заработил „преку границата“. Скаменетата вечна куќа останува хипотетички да лебди во неговиот личен универзум се до длабоката старост кога, како секое програмирано куче, ќе му дојде време да умре.

До тогаш ќе живее на Куба! За 15 години живот во Женева го изеде сонцето. Женева има ужасна клима. Ми покажува на телефон поглед од својот стан во квартот Колона. Се гледа езеро и еден куп сиви облаци.

Така ти е тоа постојано драги мои пријатели, изговара додека го срка експресото. Со 100 евра живееш како Бог. Недвижностите се евтини и сега е момент да се инвестира. Куба полека се отвора кон странците. За неколку години цената на недвижностите енормно ќе скокне.

svajcarski-franci-2

Сега треба да се купува. Единствен проблем е што морам да оженам Кубанка за да можам да си купам некое станче по доста поволен кредит“, ми вели низ смеа додека го завршува сладоледот. Гледам во неговиот поглед на идеи со среќен крај, но некаде длабоко во мене, ме потсетува дека никој не е среќен и задоволен.

Не се посрамотивме еден пред друг, фино си поприкажавме, а јас пристојно се најавив како гостин во Хавана, затоа што и јас самиот се борам за таа идеја за „посреќен живот“, па ме интересира дали кубанското Сонце е поблаго од ова неуморливото и крутото српско“.“

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно