(ВИДЕО+ФОТО 18+) ВО ЖИВО: ПУКАЊЕ НА АЕРОДРОМ ВО ФЛОРИДА, ИМА УБИЕН

Објавено на 06 јануари 2017, 20:51

СПОДЕЛИ:

Голем број луѓе изјавиле дека слушнале истрели на аеродромот.

Луѓе соопштија за пукање во аеродромот на Форт Лотрдејл во американската држава Флорида. Според првичните информации, има повредени.

Поранешниот секретар на Белата куќа Ари Флејшер напиша на Твитер дека тој бил на аеродромот и чул истрелите. Според него, сите беа во паника и почнаа да бегаат.

Според податоците на Ен-Би-Си, еден човек е убиен и девет лица биле повредени. Има уапсен осомничен за пукањето.

Според Флејшер, има еден стрелец и петмина загинати.

Во моментов се уште не се познати мотивите на напаѓачот.

СПОДЕЛИ: