(ВИДЕО) И ПОЛИЦАЈЦИТЕ СЕ ТРГНАА НАСТРАНА: Мажот спобудале кога ја начека сопругата со нејзиниот љубовник

За оние со скршено срце многу е тешко да се помират со фактот дека саканата личност ги заменила со друг/а, но уште потешко е да останат смирени кога ќе се најдат лице в лице со ривалот.

Така, гневот го зафатил и овој господин, чија незавидна ситуација во приватниот живот стана тема на разговор во голем број на портали во Јужна Америка.

Од нервоза и јад поради загубената љубов, човекот со нозе и раце удираше по скапиот автомобил во сопственост на новиот љубовник на неговата сопруга, дури и го повикуваше ривалот да излезе за да се пресметаат, а од пријателите бараше да му донесат било каков предмет со кој би можел да го обие цврстото возило.

Снимката воедно сведочи за тоа дека дури ни на полицајците не им беше сеедно во целата ситуација, но органите на редот за жал не откриле како завршила целата драма, односно дали човекот доброволно се повлекол или имало потреба од интервенција.

Во продолжение, погледнете го видеото.

„Еве како дознав дека сопругот ме изневерува и со кого!“

Прочитајте ја оваа исповед која стана вирална на социјалните мрежи: „Еве како дознав дека сопругот ме изневерува и со кого!“

Пронајдов кондоми во неговиот автомобил, го пробушив пакетчето на секој кондом! Тогаш, во сите ставив малку лут сос! Ги вратив назад во автомобилот пред да се разбуди сопругот.

Тој ден ми кажа дека мора да оди да и помогне нешто на мајка му околу куќата. Три часа подоцна ми се јави мојата најдобра пријателка и ми кажа дека имала секс со своето момче и дека многу ја пече доле...

Сопругот ми се врати дома и стави лед измеѓу нозете велејќи ми дека се изгорел.

Непотребно е да нагласувам дека тој ден останав без својот маж и мојата најдобра пријателка!

Никој од нив незнае што направив!

(ВИДЕО) „Немам интерес за секс, му кажав на сопругот да си најде љубовница“

По 11 години брак и две деца Сара Кан (46) му кажала на својот сопруг дека таа повеќе нема желба за секс и му дозволила да има љубовници колку сака.

Сакам да биде среќен, кажала Сара Кан (46), деловна жена и ТВ водителка од Велика Британија откако на својот сопруг му дала „зелено светло“ слободно да спие со други жени зашто таа не може повеќе да го задоволи во кревет. Таа, имено, ја изгубила желбата за секс и колку и да се трудела да пробуди страст во себе, тоа не и успевало. Тие се во брак 11 години и имаат две деца.

„Предходно имавме фантастичен сексуален живот. Јас и понатаму го сакам мојот сопруг, се галиме и убаво ни е, но повеќе не сакам сексуални односи, го изгубив интересот. ја изгубив страста и почнав да барам изговори зашто не сакам да водам љубов додека на крај не сфатив дека тоа никаде не води и му кажав на сопругот дека би требало да најде друга жена со која ќе спие, раскажала Сара“, а пренесува Дејли Меил.

Таа во својата одлука искрено проговорила и на социјалните мрежи. Има луѓе кои ја поддржале и напишале дака таа е многу храбра, други ја осудиле. Што кажал нејзиниот сопруг на сето тоа, не е познато.

Погледнете го нејзиното гостување на ТВ:

6 работи кои ѝ се случуваат на вагината заради недостаток на секс

Сексот е одличен за нашето тело - го подобрува сонот, го зајакнува имунолошкиот систем, согорува калории, ни ја зајакнува самодовербата...

Но, исто така и недостатокот може да доведе до неколку промени.

Што точно се случува со жените кои долго време немале секс?

Вагината НЕ се стеснува

Тоа е мит во кој жените (не) сакаат да веруваат. Вагината може да се стегне или стесни само ако ви недостасува возбуда.

Ќе ви биде потребно подолго време да постигнете оргазам

А, за тоа може да му се „заблагодарите“ на стравот од опуштање, кој е честа појава по долга пауза.

Промени во предменструалниот циклус

Ако се воздржувате од секаков секс, вклучувајќи ја и мастурбацијата, грчевите пред менструалниот циклус може да се зголемат и засилат. Оргазмите ја намалуваат болката и напнатоста, па јасно е зошто тоа се случува кога ги нема нив.

Чувство на сувост

Сексуалното возбудување ви помага да ја одржите природната влажност на вагината.

Чувство дека нешто „не функционира“ добро

Вагината е мускул, и како со сите останати мускули кои ни се „чудни“ кога не ги користиме, истото се случува и ако ви недостасува секс. За среќа, сè се враќа брзо во нормала.

Промена на сексуалниот одговор

Ако имате долга пауза од сите типови на секс, може да забележите промена во тоа како телото ви реагира на сексуалното возбудување. Тоа не значи дека треба да ја избегнувате паузата, но не би требало и да се плашите од промените кои ќе ги доживеете кога повторно ќе се активирате

Популарно