Вознемирувачка фотографија која го погоди светот: Имаше само 16 месеци, а умре бидејќи државата го мрази неговиот народ

Малиот Мухамед Шихајет се удавил во реката Наф, на границата помеѓу Бангладеш и Мјанмар, кога со својата мајка, вујко и 3-годишниот брат бегал пред мјанмарските власти.

"Кога ја гледам фотографијата, сакам да умрам. Нема повеќе смисла да живеам на овој свет", рекол таткото на Мухамед, Зафоф Алам, за CNN.

Единствена вина на Мухамед е тоа што се родил како Рохињ. Рохињите, кои многумина ги сметаат за најпрогонувано малцинство на светот, во Мјанмар живеат со векови, но државата не ги признава. Ги сметаат за бенгалски имигранти, граѓани од втор ред. Од друга страна, како свои не ги признава ни соседен Бангладеш. Фатени помеѓу чекан и наковална, веќе со години се изложени на прогонство, а ситуацијата кон крајот на 2016. година толку се влошила што го привлекле светското внимание.

Рохињите го привлекле вниманието кон себе на 9. октомври, кога неколку стотици припадници на милитантната група Харакат Ал-Јакин, во главно Рохињи, нападнале три гранични пунктови во сојузната држава Ракајн, на северот на Мјанмар, и убиле девет полицајци. Властите веднаш започнале страшна безбедносна операција, која целосно излегла од контрола и се претворила во геноцид на Рохињите.

Од тогаш доаѓаат страшни извештаи за систематски ликвидации, мачење, силување, палење на цели села. Властите ги негираат овие обвиненија и тврдат дека станува збор за "безбедносна операција за барање и чистење на осомничени" - вооружени банди и селани колаборационисти.

"Во нашето село на нас пукаа од хеликоптер. И мјанмарските војници отворија оган на нас. Не можевме да останеме дома. Побегнавме и се сокривме во џунглата. Моите баба и дедо се запалени. Војската го запали цело наше село. Ништо не остана, вели Алам, кој нашол спас надвор од Мјанмар.

На удар на критики поради односот кон Рохињите се нашла и актуелната национална државна советничка Аунг Сан Су Чи, позната хероина за борба за демократија и нобеловка, која ја обожуваат во Мјанмар. Неодамна кажала дека за решавање на проблемот се потребни време и простор, а на претставник на ОН му кажала дека одбива да го каже името "Рохињи" бидејќи тој термин за нив е многу емотивен".

"Ако чекате, само ќе ги убиете сите Рохињи. Кога во Мјанмар се одржаа избори, мислев дека тоа, бидејќи победи таа, ќе биде добро за нас. Но, сништата и реалноста се сосема поразлични. Откако дојде на власт, не се промени ништо. И натаму не прогонуваат", тврди Алам.

Мала надеж дава веста дека мјанмарските власти овие денови одлучиле да ги судат полицајците кои се снимале додека тепаат група Рохињи, додека седат на подот со раце на главата. Иронично, снимката била направена во селото кое само два дена претходно го посетила делегација на ОН.

Терористот од Манчестер пред нападот и се јавил на мајка си – Еве што и рекол

Салман Абеди, лицето кое го изврши терористичкиот напад во Манчестер, колку часа пред нападот и се јавил на својата мајка и и рекол „Прости ми“, соопштува портпаролот на либиските антитерористички сили.

Портпаролот Ахмед бин Салем додава дека неговата мајка и тројцата браќа во Либија се повикани на испитувања.

Бин Салем изјавил дека неговата мајка на инспекторите им кажала дека нејзиниот син отпатувал од Либија во Англија само четири дена пред бомбашкиот напад и дека и се јавил на денот на нападот.

Уште еден брат на Абеди, Хашим, како и неговиот татко уапсени се во средата во Триполи.

Според изјавите на портпаролот, Хашим Абеди рекол дека неговиот брат Салам научил како се прави експлозив на интернет и „сакал победа за Исламската држава“, пренесува АП.

Зошто Меланија не е меѓу седумте бели дами на Ватикан?

На официјалната средба со папата, Меланија Трамп, првата дама на ватикан, носеше црн фустан од тантела, а на главата, според протоколот, црн тантелест вел.

Во слична комбинација се појави и Иванка Трамп, зашто протоколот за средба со папата налага жените да носат црна облека и косата да ја прекријат со вел.

Сепак, постојат седум жени на светот кои не мораат да носат црно пред папата. Привилегијата “le privilege du blanc” на француски или “privilegio del biacno” на италијански, важи за католички кралици и принцези, коина средбите со папата, на миси и беатреификации носат бело.

Во „привилегијата на белото“ уживаат принцезата Софија од Грција (поранешна кралица на Шпанија), Паола – кралица на Белгија, Марија Тереза – војводина од Луксембург, Матилда – кралица на Белгија, Летиција – кралица на Шпанија, Марина – кралица на Неапол и принцезата Шарлин од Монако.

Сепак, привилегијата не им се одобрува на жените на сите католички монаси ниту пак на жените на некатоичките монаси. Иако се католкињи, привилегијата не им се одобрува на сопругата на кралот на Лесото или  на сопругата на принцот од Лихтештајн. Исто така, до 2013 година ова право го немала ниту соругата на принцот од Монако, а сѐ уште го нема ниту кралицата Максими од Холандија, која е католичка сопруга на протестантскиот крал Вилим Александр.

Шпанските кралици и принцези освен тоа што можат да носат бело, можат да носат и пиенета, украс за коса во форма на укосница која се прекрива со белиот вел.

Правилото на црн фустан и вел го почитуваат повеќето жени на државници и политичарки кои се спретнале со папата, иако псоледните години Ватикан попушта пред непокорните жени. Ангела Меркел, камила Паркер Боусл, Сања Ошешковиќ пред папата сепојавиле без покривка на главата, а некои од нив не ни биле во црнина.

Путин: Писменоста во Русија дојде токму од Македонија

На официјалната страница на рускиот претседател Владимир Путин се објавени детали од средбата со неговиот македонски колега Ѓорге Иванов. Во делот каде што се говори за словенските браќа Кирил и Методиј, Путин објаснува дека писменоста во Русија дошла од македонската земја.

„Денес во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја. Сакам да ве поздравам со оваа награда“-стои на страницата на рускиот претседател.

На овие зборови Иванов одговори дека „денеска се слави споменот на сесловенските просветители  Кирил и Методиј, кои се наши духовни учители“

Популарно