Изјава на Зоран Заев по гласањето на изборите

Зоран-Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев претпладнево гласаше на Избирачкото место во основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица.

По гласењето, Заев посака фер и демократски избори.

- Посакувам денеска да добиеме сите, со тоа што ќе имаме фер и демократски избори. Само на тој начин, сите граѓани на Република Македонија, како и ние политичарите, ќе славиме победа за нашата Македонија.

Тој изрази надеж дека изборниот процес ќе продолжи мирно, во фер и демократска атмосфера.

- Сите граѓани на нашата земја да одлучат кого ќе го испратат во вториот изборен круг, како кандидат за претседател на државата, порача лидерот на СДСМ, Заев.

Коментари

Популарно