Очигледно проблемот со претерано крадење на велосипеди не постои само кај нас, па така, тројца студенти од Чиле, идни инжинери, креирале модел на велосипед за кој тврдат дека е невозможно да се украде.
Дизајнот на прототипот наречен „Yerka“ и беше неодамна претставен на јавноста. Велосипедот има сопствен систем на заклучување, а самата негова рамка служи како катанец. Видеото е од првиот целосно функционален прототип.