Денеска облачно, но од утре...

скопје-панорама-7Денеска е петок 3 јули, 184-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 181 дена.

Денот трае 15 часа и 11 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и две минути, а заоѓа во 20 часот и 13 минути.

Месечината ќе зајде во шест часот и 33 минути, а повторно ќе изгрее во 21 часот и пет минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Попладне и во вечерните часови во крајните источни и југоисточни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18 степени, а дневната од 24 до 33 степена.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Следува период на претежно стабилно и потопло време, со слаб до умерен северен ветер. Значително потопло ќе биде од понеделник кога дневната температура на повеќето места ќе надминува 30 Целзиусови степени.

Коментари

Популарно